Егзоскелет

Од Википедија — слободната енциклопедија
The discarded exoskeleton of a dragonfly nymph

Егзоскелет е надворешниот скелет на некое животно и тој нуди потпора и заштита за телото на животното. Некои од поголемите егзоскелети се нарекуваат „школки“. Животни кои имаат егзоскелети се: инсектите како што се скакулците и лебарките, членконогите како што се крабите и јастозите. Школките на мекотелите како на полжавите се исто егзоскелети.

Некои животни како што е желката имаат и егзосеклет и ендоскелет (внатрешен скелет како кај човекот).

Улога на егзоскелетот[уреди | уреди извор]

Егзоскелетите содржат цврсти и отпорни материи кои ги вршат следните работи: заштита, потпора, исхрана и други.

Егзоскелетите содржат хитин, со додавање на калциум карбонат егзоскелетот станува посилен и потврд.

Разновидност[уреди | уреди извор]

Многу животни имаат егзоскелети кои се составени од најразлични материјали. Коска, 'рскавица или дентин се содржат во егзоскелетите на желките и рибите од родот Ostracoderm. Хитинот се содржи во егзоскелетите на членконогите како што се крабите и јастозите, и во некои габи и бактерии. Од калциум карбонат се изградени егзоскелетите, школките, на мекотелите, брахиоподите и некои видови на прстенести црви.

Растење на егзоскелетите[уреди | уреди извор]

Бидејќи егзоскелетите се цврсти, тие имаат граници до каде можат да растат. Организмите со отворени школки можат да растат со додавање на нов материјал на нивната школка, како полжавите, и некои мекотели. Вистински егзоскелет како тој кај членконогите, се отфрла кога организмот ќе го надрасне. Нов егзоскелет се создава под стариот. Кога стариот е отфрлен, новиот сè уште е мек. Кога новиот скелет ќе се стврдне, празниот простор се полни со храната на животното. Ако егзоскелетот не е исфрлен навреме, животното може да умре.

Палеонтолошко значење[уреди | уреди извор]

Егзоскелетите, како цврсти делови од организмите, се многу корисни за зачувување на организмите, бидејќи нивните меки делови скапуваат пред да можат да бидат фосилизирани.