Церска Река
Изглед
| Церска Река | |
|---|---|
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Бушева Планина |
| • надм. вис. | 1.380 м |
| Устие | |
• место | Железнец |
| Должина | 17 км |
| Особености на сливот | |
| Течение | Големоилинска Река → Црна Река → Вардар → Егејско Море |
Церска Река — река во Демирхисарско, притока на Црна. Извира од Бушева Планина на надморска височина од 1.380 м. Тече меѓу планините Лубен и Баба Сач, минувајќи низ селото Цер. Се влева како повремен речен тек во Големоилинска Река на височина од 750 м[1]
Долга е 17 км, од кои 10,5 км се со површински водотек, а останатите 6,5 км низ Церското Поле тече како подземен водотек. Сливот има површина од 190 км2, со просечен пад на коритото од 3%.[1]
Завршува кај с. Железнец во горниот тек на Црна Река.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 76. ISBN 978-9989-2117-6-8.