Церско Поле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Церско Поле is located in Македонија
Церско Поле
Местоположба на Церското Поле во Македонија

Церско Поле — предел во Демирхисарско кој претставува најголемо карстно поле во Македонија, со вкупна површина од 45,5 км2 и површина на дното од 8 км2.[1] Се наоѓа меѓу планините Лубен и Баба Сач во областа Железник (денес во Општина Кичево), со просечна надморска височина на дното од 955 м. Настанато е на допирот на палеозојски (девонски) шкрилци и мермери. Во северниот дел дното е прекриено со пролувијални и алувијални наноси, додека кон југ алувијалните наноси се губат и дното е прекриено со тенок слој на црвеница.

Според настанокот, Церско Поле може да се класифицира во типот на рабни полиња, што значи дека е образувано при допирот на водонепропусни и карстни карпи. Во првично тектонски предиспонираната карстна котлина, Церска Река и нејзините притоки таложеле наносен материјал во северниот дел, на контактот со карстот, при што, при поплави, се јавувала рабно разјадување, кое постепено било поместувана кон југ, создавајќи го рамното дно на полето.

Денес Церска Река целосно понира низ алувијалните наноси по дното на полето. Со оглед на тоа што сепак се јавува повремен површински тек по дното на полето, од хидролошки аспект Церско Поле би го класифицирале како приточно-понорничко поле.[1] По дното, во јужниот дел се јавуваат и алувијални (суфозијски) вртачи.

Населени места[уреди | уреди извор]

Во пределот Церско Поле се наоѓаат три села: Цер, Мало Црско и Големо Црско, кои се наоѓаат во пазувите на Баба Сач и Лубен.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). „Церско Поле“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата. Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 174. ISBN 978-9989-110-90-0. http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf. 

Координати: 41°23′56″N 21°2′15″E / 41.39889° СГШ; 21.03750° ИГД / 41.39889; 21.03750