Црква „Св. Троица“ - Тројкрсти

Координати: 41°14′16″N 21°24′22″E / 41.23778° СГШ; 21.40611° ИГД / 41.23778; 21.40611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Троица

Ктиторски натпис

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Тополчанска
Местоположба

Карта

Координати 41°14′16″N 21°24′22″E / 41.23778° СГШ; 21.40611° ИГД / 41.23778; 21.40611
Место Тројкрсти
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Троица
Завршено 1857
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабен
Стил преродбенички

Света Троица (или Свети Дух) — црква во прилепското село Тројкрсти, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е гробишен храм храм и се наоѓа во северизападноит дел на селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Според сознанијата на Јован Трифуноски, храмот е започнат во 1857 г. и завршен во 1858 г., кога бил осветен од митрополитот Венедикт Византиски.[1] Од друга страна, на самата ктиторска плоча вели дека храмот е завршен и осветен во 1857 г.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата претставува еднокорабен покукружен засводен храм со петстрана апсида на источната страна. На западната страна подоцна е дограден трем, кој во поново време е претворен во трпезарија со кујна.[1] При изградбата е употребен материјал од месноста Стара Црква.[1] Во ѕидовите на црквата и припратата, како и во внатрешноста, има многу антички сполии од мермер — столбови, делови од надгробни плочи, капители и други архитектонски елементи.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Црква „Света Троица", село Тројкрсти“. Old Prilep. Посетено на 30 декември 2021.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 315. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]