Црква „Св. Ѓорѓи“ - Тројаци
Свети Ѓорѓи | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Плетварско-беловодичка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°22′13.3″N 21°44′19.5″E / 41.370361°N 21.738750°E |
| Место | Тројаци |
| Општина | Прилеп |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи |
| Завршено | 1838 |
| Архитектонски опис | |
Свети Ѓорѓи — црква во селото Тројаци.[1] Сместена е во јужниот дел од селото, во дол окружен со остатокот од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 1838 година, а била живописана во 1850 година. Во 1892 година бил дограден отворен трем од западната страна.[2] Во црквата се вградени повеќе римски столбови и делови архитравни греди (сполии)[3] на кои веројатно претходно им се припишувало духовно значење.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата претставува трикорабна базилика со полукружна апсида од надворешната и од внатрешната страна.[2]
Дворот на црквата е ограден со камена ограда која има две влезни порти — една од западната и една од јужната страна. Камбанаријата се наоѓа од левата страна пред западната порта од дворот на црквата и таа има примитивен облик и се состои од метална конструкција со квадратна основа која е покриена со пирамидален лимен кров. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и трпезарија.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Црквата со камбанаријата
- Камбанаријата со влезната порта од западната страна
- Фреска со ликот на Свети Ѓорѓи над влезот од црквата
- Апсидата на црквата
- Селските гробишта
- Трпезаријата
- Фреска во внатрешноста на црквата
- Детаљ од фрескописот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 20. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 „Црква „Св. Георгиј“, село Тројаци“. OldPrilep. 4 јуни 2015.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 315. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Тројаци на Ризницата ?


