Прејди на содржината

Битка кај Ровине

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка кај Ровине
Дел од Османлиски војни во Европа
Датум 17 мај 1395
Место Ровине, Влашка
Исход влашка победа[1][2][3][4]
Завојувани страни
 Влашка Османлиско Царство Османлиско Царство
Команданти и водачи
Влашка Мирча I Османлиско Царство Бајазид I
Марко Мрњавчевиќ
Константин Дејановиќ
Стефан Лазаревиќ
Константин Балшиќ
Жртви и загуби
големи големи

Битката кај Ровине се одвила на 17 мај 1395 година меѓу Османлиското Царство и нејзините вазали против Влашка на чело со војводата Мирче Стариот. Битката се водела кај местото Ровине во Влашко.[5]

Според една легенда, во пресрет на битката влашкиот владетел облечен како мировен емисар разговарал со Бајазид I барајќи од него да ја напушти земјата на кое османлискиот султан одбил. Во текот на битката главна улога во победата на влашките сили имале стрелците кои има нанеле големи жртви при привите османлиски напади.

Во оваа битка на страната на Бајазид учествувале и неговите христијански вазали Стефан Лазаревиќ и македонските владетели Кралот Марко и Константин Драгаш. Во Битката загинале и двајцата владетели од Македонија.[5] Се претпоставува дека во битката и двете страни имале голем број на загуби за да на крајот се повлечат од бојното поле. По оваа битка Влашка станала вазална земја, а Македонија потпаднала целосно под турска власт.[5] [6]

  1. Fine 1994, p. 424
  2. Norman Angell. Peace Theories and the Balkan War. Kessinger Publishing, 2004, ISBN 1-4191-4050-7, ISBN 978-1-4191-4050-1.
  3. Jim Bradbury. The Routledge Companion to Medieval Warfare. Routledge, 2004, ISBN 0-415-22126-9, ISBN 978-0-415-22126-9.
  4. Norman L. Forter, Demeter B. Rostovsky. The Roumanian Handbook. Ayer Publishing, 1971, ISBN 0-405-02747-8, ISBN 978-0-405-02747-5.
  5. 5,0 5,1 5,2 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 75. ISBN 9989-624-46-1.
  6. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 159. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)