Елена Велевска
Оваа статија не наведува никакви извори. (март 2026) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Елена Велевска | |
|---|---|
| Роден(а) | 26 октомври 1980 Прилеп, СР Македонија, СФРЈ |
| Потекло | Македонија |
| Жанрови | фолк, поп, македонска музика |
| Занимања | пејачка |
| Инструменти | вокал |
| Период на активност | 1999–сѐ уште |
| Мреж. место | elenavelevska.com |
Елена Велевска (р. 26 октомври 1980 , Прилеп) — македонска фолк и поп пејачка.
Животопис
[уреди | уреди извор]Оваа подглавје има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Се родила како втора ќерка во семејството Велевски. Уште на осум години запеала на училишните смотри на кои настапувала сè до завршувањето на основното образование кога речиси истовремено била избрана за претставник на Прилеп на училишниот натпревар што се одржал во Пробиштип. Својата прва песна "Сонувам" ја снимила на петнаесетгодишна возраст со групата "Уникат" од Прилеп. Тоа ја охрабрило да го сними својот прв солистички албум "Што ќе ми се пари", а го снимила во прилепското студио "Точак" на кој продуцент му бил Дејан Момировски. Дејан Момировски го напишал и текстот на нејзиниот следен голем хит "Пу, пу машала" по враќањето од Австралија. Оваа песна го најавила и нејзиниот втор албум "Пу, пу машала" кој се состоел од осум песни. Набрзо започнала со настапи на фестивали, а првиот фестивал на којшто настапила бил "Гоце фест 2002", каде со групата "Болеро" од Струмица ја испеала песната "Еј, моја Македонијо". Таа година настапила и на "Цветници 2002" повторно со "Болеро" и ја отпеала песната "Сите солзи ќе ги пролеам". Следувало нејзиното самостојно излегување на "Валандово 2002" со песната "Свири чичек" на која комплетен автор бил Илчо Јованов и каде таа освоила награда за сценски настап. На тој сценски настап била придружувана од маестро Ферус Мустафов и дел од оркестарот "Агушеви". Со фестивалите се отвориле вратите за почести турнеи во странство, претежно во Швајцарија и Италија. Следната 2003, се претставила и на "Тетовски фолк фестивал" со песната "Живеам за тебе" која била многу добро прифатена и и донела учество на "Фолк хит на годината". Во 2003, настапила на првиот "Низа фестивал" во нејзиниот роден град Прилеп, со "Мелем песна" на авторката Радмила Митровиќ. Потоа заминала на турнеја низ Австралија заедно со Дејан Момировски. На таа турнеја ги започнала подготовките за нејзиниот трет албум. По враќањето во Македонија ја отпеала песната "Говорот на телото" чиј текстописец бил Ѓорѓи Калајџиев. На нејзиниот трет албум се нашле дури шеснаесет песни. За новогодишните празници настапувала во Америка. Следното лето настапила на "Охридски трубадури" со песната "Шах-мат". Песната "Жена огнена" изведена на "Роса 2004" била широко прифатена од публиката. На нејзиниот четврти албум како автор на две песни се јавува токму таа.
Фестивалски настапи
[уреди | уреди извор]- Цветници - Сите солзи ќе ги проголтам (2002)
- Фолк фест Низа - Мелем песна (2002)
- Роса фест - Жена огнена (2004) / Наркотику мој (2005) / Луда и перверзен (2006) / Почеток на крајот (2008) / Грешница (2010) / Адреса стара (2012) / Лоша копија (2013) / Прва во се’ (2017) / Најсилна (2020)
- Мел фест Прилеп - Погледни ме за крај (2017)
- Прилеп фест - Фолк универзум (2008) / Мојот Прилеп (2022) / Останав дама (2023)
- Румели Фест (Турција) - Yuksek Yuksek Tepelere (2017)
- Валандово - За тебе (2012) / Срце бакшиж ќе ти дадам (2014)
- Фолк фест Спасовден - Моме Стојне (со Марјан Коцев-2013)
Дискографија
[уреди | уреди извор]Aлбуми
[уреди | уреди извор]- (1999) Што ќе ми се пари - Што ќе ми се пари / Не си ти за мене / Болна сум душо...
- (2001) Пу, пу машала + Бонус албумот „Што ќе ми се пари“ - Навика / Бобане / Печалбарски маки / Настинка...
- (2003) Говорот на телото + Бонус албумот „Пу, пу машала“ - Говорот на телото / Вулкан / Мите / Ум и мускули...
- (2005) Жена огнена - Шах, мат / Среќен роденден / Родена за веселба / Куме заиграј///
- (2006) Ѓердан за душата (Песни што не стареат) - 20 изворни и обнародени песни
- (2010) Воздух - Воздух / Хороскоп / Двете не' мами / Наркотику мој / Луда и Перверзен / Небо од ванила...
- (2010) Елена Велевска (Висок притисок) - Те шизнав / Ред бул / Висок притисок / Душа ми е полна...
- (2015) Ѓердан за душата 2 - цд/двд - со група Чардак во живо - 20 изворни и народни песни отпеани во живо
- (2026) Oсум аманети - проект со изворни и народни етно песни.
Компилации и видео проекти
[уреди | уреди извор]- Анета, Елена и група Молика - песни во живо (видео 2010-реиздание 2011)
- Best Video Collection (2011)
- The best of Elena Velevska (аудио 2012)
- Гледај ме гледај, либе (видео 2014)
- Елена Велевска - Најдоброто (аудио 2014)
- Македонско срце (аудио 2017)
Спотови
[уреди | уреди извор]| Видеоспот | Година | Режисер |
|---|---|---|
| Пу пу машала | 2001 | |
| Мите | 2004 | |
| Среќен роденден | 2004 | |
| Двете не мами | 2006 | Гурко |
| Наркотику мој | 2006 | Александар Ристовски - Принц |
| Невина | 2006 | Чедо Поповски |
| Висок притисок | 2010 | Zati Video Production |
| Воздух | 2010 | Дејан Милиќевиќ |
| Те шизнав | 2010 | EV Production |
| Душа ми е полна | 2010 | |
| Поделен живот | 2011 | EV Production |
| Sexy bull | 2011 | EV Production |
| Бел лебед | 2012 | IN Production |
| Лицето на совеста | 2012 | EV production |
| Невеста | 2012 | EV Production |
| Црна свила | 2013 | IN Production |
| Лоша копија | 2014 | IN Production |
| Остани | 2014 | Fabrika Produkcija |
| Црно и бело | 2015 | IN Production |
| Погледни ме за крај | 2017 | Tомато Продукциja |
| Ти си моја | 2017 | Људмил Иларионов - Љуси |
| Уволнен си оd живота ми | 2017 | Људмил Иларионов - Љуси |
| Недостапна за тебе | 2017 | IN Production |
| Една е мајка | 2017 | IN Production |
| Во срцето на Балканот | 2018 | Томе Табанов |
| Зоро моја румена | 2019 | Људмил Иларионов - Љуси |
| Говорот на телото | 2020 | Tомато Продукциja |
| Овој живот убав е | 2021 | Александар Ристовски - Принц |
| Еј жено | 2026 | Томато продукција |
| TBA | 2026 |
Спотови на народни (фолклорни) песни
[уреди | уреди извор]| Видеоспот | Година | Режисер |
|---|---|---|
| Куме заиграј | 2004 | |
| Мајка има едно чедо | IN production | |
| Ах, пусти пари | 2013 | IN production |
| Жировница | 2015 | EV Production |
| Мака ме натера | 2016 | IN Production |
| Гледај ме,гледај | 2016 | IN Production
2S |
| Македонијо, мајко страдалнице | 2018 | Даниел Јовески |
| Едно малој моме | 2024 | IN Production |
| Големи маки тегневме | 2025 |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 26 септември 2008 г. (македонски)
- Весна Миленковска: "Пејачка со глас, а не со става Архивирано на 26 септември 2007 г.", Вест, 26 јуни 2002. (македонски)
- Весна Миленковска: "Кога ги масирам, како да се мои Архивирано на 29 септември 2007 г.", Вест, 5 мај 2007. (македонски)
- Весна Миленковска: "Елена Велевска на концерти во Швајцарија Архивирано на 26 септември 2007 г.", Вест, 1 март 2006. (македонски)
- "Златни нозе! Архивирано на 3 март 2016 г.", Свет (455), 9 март 2006. (српски)
- Податоци за изданија Архивирано на 29 март 2017 г. евидентирани од ВБУ Музички Регистар (македонски).