Прејди на содржината

Сточен Пазар (Прилеп)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сточен Пазар (Прилепска населба)

[уреди | уреди извор]

"Сточен Пазар" е една од поновите населби во Прилеп и датира од 60-тите години на XX век. Името "Сточен Пазар" го добива по поранешниот сточен пазар кој се наоѓал на местото на денешниот (царински терминал) и индустриската зона (Прилеп 2)[1]

Оваа населба брои од 1200 до 1300 жители, или околу 380 куќи и се протега во делот помеѓу железничката пруга и градската река.[2]

Населбата Сточен Пазар има само 4 (четири) улици со нивните краци.

  • ул. Трајко Николоски (која се протега од ул. Александар Македонски до Крушевско Џаде)
  • ул. Осоговска (која е најголема се протега низ средината на населбата)
  • ул. Бистра Планина (се протега помеѓу ул. Осоговска и градската река)
  • ул. Кордун (старо име - Карпошово Востание)(се протега помеѓу ул. Осоговска и железничката пруга)

Жителите во ова маало потекнуваат воглавно од места помеѓу поранешна Општина Тополчани и поранешна Општина Витолиште, а како нај застапени се жителите на с.Бонче и с.Марул со околу 80% од вкупното население.

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-07-27. Посетено на 2014-08-15.
  2. http://s9.postimg.org/rb3h56q0f/398074_238760936195845_389461346_n.jpg[мртва врска]