Борко Темелкоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Борко Темелковски)
Прејди на: содржини, барај
Борко Темелкоски (1919-2001), народен херој

Борко Темелкоски - Лилјакот (Прилеп, 20 декември 1919 - Скопје, 21 ноември 2001)[1] бил македонски комунист, учесник во НОВ и повоен политичар. На 9 октомври 1953 година е прогласен за народен херој на Југославија.

Станал член на КПЈ во 1939 година. Бил секретар на Месниот комитет на КПЈ. По окупацијата бил еден од организаторите и раководителите на НОВ во Македонија. Во 1943 година бил секретар на Третиот Окружен комитет на КПМ и член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ до крајот на војната. Во април 1944 година станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, а во август 1944 година е делегат на Првото заседание на АСНОМ.

По војната вршел високи раководни партиски и државни функции во ЦК на КПМ и ЦК на КПЈ, потпретседател на Владата на НР Македонија од 1951 година и на Сојузната влада. Повеќе пати бил избиран за републички и сојузен пратеник. Бил претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Сојузот на борците од НОБ. Бил полковник на ЈНА во резерва.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1473-1474 стр.