Прејди на содржината

Петар Скок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петар Скок

Петар Скок (Јурково Село кај Жумберк, Хрватска, 1 март 1881 – Загреб, 3 април 1956) – хрватски лингвист, ономастичар со светски глас.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Од 1892 г. до 1900 г. учел гимназија во Карловац. На Универзитетот во Виена (1900–1904) студирал романска и германска филологија. Бил средношколски професор во Бања Лука и библиотекар во Покраинскиот кралски музеј во Босна и Херцеговина. Од 1919 г. до пензионирањето (1952) работел како универзитетски професор на Филозофскиот факултет во Загреб. Во младоста се занимавал со литература, а подоцна најмногу со лингвистика. Дал исклучителен придонес во повеќе области: романистиката, јужната славистика, кроатистиката, балканистиката, народниот латинитет, етноисторијата, контрастивната лингвистика.

Јас и самиот ги испрашував македонските Словени како го нарекуваат својот јазик. Секаде го добив одговорот „македонски“. Истиот тој назив го користат и Власите, кога говорат македонски српско-хрватски дијалект. Не добив одговор [дека јазикот е] „бугарски“ ни во Прилеп од луѓе кои завршиле бугарско школо.

Петар Скок, Критиковање г. Младенова (1929), Гласник скопског научног друштва, стр.337.[1]

Во 1929 година во Гласникот на Скопското научно друштво објавува одговор до бугарскиот лингвист Стефан Младенов, кој претходно го прозвал заради тоа што во извештај за карактерот на словенскиoт јазик во Македонија, Скок не ја употребувал бугарската терминологија.

Во обемната статија O bugarskom jeziku u svjetlosti balkanistike од 1932, повторно спори со Младенов за неговото дело Историја на бугарскиот јазик (Geschichte der bulgarischen Sprache) објавено 1929 во Берлин.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]