Волкашин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Kрал Волкашин
Крал
Фреска на Волкашин од манастирот „Св. Никола“ во село Псача (XIV век)
Владеење1365 - 1371
Полно имеВолкашин Мрњавчевиќ
ПридружникЕлена
ДецаМарко, Андреаш, Димитар, Иваниш

Волкашин бил крал на прилепското кралство и татко на Крале Марко. Во 1365 година бил прогласен за крал, а неговата држава ги опфаќала териториите: на Призрен, Костур, Вардар, албанските планини, Преспа, Охрид, Дебар, Скопје, Приштина. Тој го формирал манастирот Св. Димитрија, денес познат како Марков Манастир.

Со тенденција за натамошно утврдување и легитимирање на кралството, Волкашин се потпрел на Охридската архиепископија, лишувајќи го т патријархот од Пеќ од јурисдикција врз Скопската и Призренската митрополија.[1] Кралот Волкашин погинал на 26 септември 1371 година, во Маричката битка заедно со брат му Углеша, а на престолот го наследил неговиот син Крале Марко.

Потекло и подем[уреди | уреди извор]

Медалјон од полилејот во Марковиот Манастир со натпис „Во името на Христос Бог, благоверниот крал Волкашин“. Медалјонот се чува во Националниот историски музеј во Софија.
Област на крал Волкашин Мрњавчевиќ и деспот Јован Углеша (во 1371 година).

За потеклото на кралот Волкашин, како и за неговото семејство не се знае многу. Дубровничкиот историчар Мавро Орбин (15631610) запишал дека кралот Волкашин бил син на сиромашниот властелин Мрњава од Ливно во денешна Босна. Од Ливно, Мрњава се пресел во Херцеговина, во Благај на Буна, притока на Неретва, од каде Стефан Урош IV Душан го повикал на својот двор. На дворот браќата Мрњавчевиќ, Волкашин и Углеша, според византискиот историчар од втората половина на 15 века, Лаоник Халкокондил, биле носители на дворски титули пехарник и коњушар. Во современите извори прво се спомнува Углеша во 1346 како Душанов намесник во Требиње, додека Волкашин во март 1350 се наоѓа на положба жупан во Прилеп.

Волкашин во народното творештво[уреди | уреди извор]

  • „Женидбата на кралот Волкашин“ (српски: Женидба краља Вукашина)- српска епска песна.[2]
  • „Ѕидањето на Скадар“ (српски: Зидање Скадра)- српска епска песна.[3]
  • „Урош и Мрњавчевиќи“ (српски: Урош и Мрњавчевићи)- српска епска песна.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шукарова, Анета (2008). Историја на македонскиот народ. Институт за национална историја. стр. 123. ISBN 9789989159237. 
  2. „Женидба краља Вукашина“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 30-37.
  3. „Женидба краља Вукашина“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 38-43.
  4. „Женидба краља Вукашина“, во: Народне епске песме I. Београд: Просвета (без дата), стр. 44-50.