Теодор Комнен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Теодор Комнен Дука (грчки: Θεόδωρος Κομνηνὸς Δούκας, починал ок. 1253) бил владетел на Епир и Тесалија од 1215 до 1230 и на Солун и поголемиот дел од Македонија и западна Тракија од 1224 до 1230. Тој исто така имал големо влијание за време на владеењето на неговите синови Јован и Димитрија со Солун во 1237–1246.

Теодор бил потомок на истакнато византиско аристократско семејство поврзано со царските династии Комнини, Дука, и Ангел. Сепак, ништо не е познато за животот на Теодор пред освојувањето на Константинопол и распаѓањето на Византиската империја после Четвртата крстоносна војна во 1204. По падот на Константинопол, тој служел кај Теодор I Ласкарис, основачот на Никејското Царство, неколку години пред да биде повикан за Епир, каде што неговиот полубрат Михаил I Комнен основал независна држава. Кога Михаил починал во 1215, Теодор го презел управувањето со епирската држава. Тој ја продолжил политиката на својот брат за територијално проширување. Во сојуз со Србиј, ја проширил својата територија во Македонија, заканувајќи му се на латинското Солунско Кралство. Заробувањето на латинскиот император Пјер II де Куртене во 1217 отвори можност за постепено напредување, што кулминирало со освојување на Солун во 1224.