Ѓорѓи Ачески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓи Ачески
Роден(а)1914
Прилеп, Кралство Србија (денес Македонија)
Починал(а)1979
Прилеп, Македонија, СФРЈ

Ѓорѓи Ачески – Аче е роден во Прилеп во 1914 година.

Уште како млад започнал со сликање без соодветно ликовно образование. Се што постигнал во сликарството, го постигнал како самоук и без соодветно ликовно образование.

За неговата заинтересираност кон цртежот, најмногу му должи на Љуба Ивановиќ, кого го нарекувале и „Кралот на моливот“ и важел за еден од најпознатите мајстори на графиката во Југославија.

Неговите цртежи најмногу придонеле да се определи тематски за старата архитектура. Мотивите ги наоѓал во градските периферии и селските населби низ цела тогашна Југославија. Тие за него претставувале непресушен извор на инспирација и притоа, откривајќи ги нивните тајни, се ставал во улога на истражувач.

Денес повеќето стари градби ги има само во неговите цртежи. Има насликано околу 3000 и повеќе цртежи. Не водел евиденција бидејќи сликал скоро секој сончев ден. Неговата прва изложба во јавност била во 1938 година. Имал отворено повеќе од 15 самостојни изложби, а имал учествувано и на повеќе заеднички изложби.

Добитник е на повеќе награди, меѓу која и наградата за животно дело.

Ѓорѓи Ачески – Аче починал во 1979 година.