Ристо Калчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Калчевски
Роден(а)29 април 1933(1933-04-29)
Прилеп, Кралство СХС (денес Македонија)
Починал(а)7 август 1989(1989-08-07) (возр. 56)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија (денес Македонија)
НационалностМакедонец
Познат(а) поапстрактно сликарство

Ристо Калчевски (29 април 1933 во Прилеп7 август 1989 во Скопје) — македонски сликар и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, најкарактеристичен претставник на апстрактното сликарство.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1953 година. Членувал во групата Мугри. Самостојно излагал во Скопје, Љубљана, Париз и Крањ.

Стил[уреди | уреди извор]

Уште во најраните слики се јавуваат асоцијативни елементи („Фигури во зелено“, 1959), кои подоцна преминуваат во наполно нефигуративни претстави („Пареа“, 1961).

Кон крајот на шеесеттите внесува во делото несликарски материјали со ненаметлив геометризам, ослободувајќи го патот на сликата кон објектот. Последните дела, инспирирани како и претходните од македонското културно и географско поднебје, содржат повесел колорит и понагласена раздвиженост.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Калинка“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 664. Text "series " ignored (help)