Еден осуденик на смрт побегна (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Еден осуденик на смрт побегна или ветрот дува како што сака (француски: Un condamné à mort s'est échappé (ou le vent souffle ou il veut) - француски филм од 1956 година, во режија на Робер Бресон (Robert Bresson), кој е автор и на сценариото. Филмот е заснован врз мемоарите на Андре Девињи, припадник на француското движење на отпорот. Главните улоги ги толкуваат: Франсоа Летерје (François Leterrier), Шарл Ле Кленш (Charles Le Clainche), Морис Берблок (Maurice Beerblock), Ролан Монод (Roland Monod), Жак Ерто (Jacques Ertaud), Жан Пол Делумо (Jean Paul Delhumeau) итн. Според критичарите, ова е најдобриот филм на Бресон кој во 1957 година ја освоил наградата за режија на Канскиот фестивал.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во 1943 година, во Лион е уапсен Фонтен (го игра Летерје), член на француското движење на отпорот. На патот до затворот, тој се обидува да побегне, но веднаш е фатен. По пристигнувањето во затворот, тој веднаш прави планови како да побегне. За таа цел, тој веднаш се запознава со другите затвореници, кои му даваат корисни совети, го охрабруваат и му помагаат на различни начини. Затвореникот Орсини му се придружува во подготовките за бегство, но еден ден го стрелаат, па Фонтен мора да продолжи сам. Пред крајот на подготовките, тој е осуден на смртна казна, а во неговата ќелија пристигнува младиот затвореник Жост (го игра Ле Кленш) за кого Фонтен не е сигурен дали да му каже за планот. Сепак, тој го поведува Жост со себе и двајцата успеваат да побегнат од затворот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]