Виолета Бојковска
Изглед
Виолета Бојковска (р. 1990) — македонска писателка.
Животопис
[уреди | уреди извор]Бојковска е родена во Велес во 1990 година. Магистрирала кривично право на Правниот факултет „Јустинијан I“. Живее во Скопје, а работи како уредник на дигитална содржина и како дигитален маркетинг-менаџер.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Бојковска пишува поезија и кратки раскази. Нејзината прва книга е поетската збирка „Нијанси на сиво“. Во 2019 година ја објавила збирката раскази „Барем наутро“, а нејзините раскази се застапени и во збирката „Очудувања“.[2]