Далтон Тревизан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Далтон Жерсон Тревизан (португалски: Dalton Jérson Trevisan) (14 јуни 1925, Куритиба, Бразил) - бразилски писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тревизан е роден на 14 јуни 1925 година, во градот Куритиба, во државата Парана, во јужниот дел на Бразил. Дипломирал право, по што во родниот град се занимавал со адвокатура, а бил сопственик и на фабрика за стакло.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Каладо дебитирал во бразилскиот книжевен живот во април 1946 година, кога заедно со група интелектуалци започнал да го издава списанието „Жоакин“, кое излегувало до декември 1948 година (вкупно, 21 број). Тревизан пишувал само раскази и се смета за мајстор на кусиот расказ при што неговите раскази најчесто не се подолги од пет страници, а повеќето имаат само две страници. Со помош на кусите, лаконски реченици, Тревизан ги разоткрива човечките слабости и ги покажува на многу едноставен начин, стимулирајќи го читателот да почне да размислува. Својата прва збирка раскази, „Обични раскази“ ја објавил во 1959 година, а неговите најважни дела се: „Гробишта на слонови“ (1964), „Смрт на плоштадот“ (1964), „Вампирот на Куритиба“ (1965), „Љубовни незгоди“ (1968), „Злосторства на страста“ (1978) итн.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 283-284.
  2. Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 283.