Бранимир Шќепановиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бранимир Шќепановиќ (српски: Бранимир Шћепановић; 1937, Подгорица, Кралство Југославија) - српски писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Бранимир Шќепановиќ е роден во Подгорица, во 1937 година, а живее во Белград.Тој е редовен член на Друштвото на француските писатели.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Шќепановиќ е автор на следниве дела:[2]

Шќепановиќ е еден од водечките српски прозаисти на XX век. Тој бил еден од 400 светски писатели кои во 1985 година одговарале на прашањето: „Зошто пишувате?“, поставено во анкетата на францускиот весник Libération, како и еден од 240 светски писатели кои во јубилејниот број на весникот Nouvel observateur опишувале ист ден на планетата Земја. Исто така, тој е застапен во многу српски и странски антологии. На пример, „Смртта на господинот Голужа“ била дел од антологијата „Модерната европска новела“, објавена во Данска, во „Антологијата на светскиот расказ“ и „Антологијата на словенските книжевности“ објавени во САД. Во антологијата „Идеална библиотека“ која ја објавила Француската енциклопедија, меѓу 700 најзначајни книги на сите времиња се нашол и неговиот романУста полна со земја“. Неговите дела се преведени на 32 јазици.[3]

Шќепановиќ е добитник на две награди „Златна арена“ на филмскиот фестивал во Пула; врз основа на неговите дела и сценарија се снимени десет играни филмови; а неговите радио-драми се изведувани на повеќе европски радио-станици. Исто така, според неговите дела се изведувани три успешни театарски претстави во Франција („Откупување“ во Националниот театар во Тулуз, „Смртта на господинот Голужа“ во Градскиот театар во Шартр и „Уста полна со земја“ во Модерниот театар во Лил). Чешкиот композитор Зденек Лукач ја компонирал оператаСмртта на господинот Голужа[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Branimir Šćepanović, Usta puna zemlje – Smrt gospodina Goluže. Beograd: Dereta, 2019, стр. 121-123.
  2. Branimir Šćepanović, Usta puna zemlje – Smrt gospodina Goluže. Beograd: Dereta, 2019, стр. 122.
  3. Branimir Šćepanović, Usta puna zemlje – Smrt gospodina Goluže. Beograd: Dereta, 2019, стр. 121-123.
  4. Branimir Šćepanović, Usta puna zemlje – Smrt gospodina Goluže. Beograd: Dereta, 2019, стр. 122-123.