Прејди на содржината

Антологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Антологија[1][2] — збирка на одбрани книжевни дела од различни автори. Може да биде збирка на поеми, кратки раскази, драмски текстови, песни или извадоци.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Корените на зборот се во грчкиот јазик, каде што зборот ανθoς (anthos) значи „цвет“ и λεγιεν (legien) што значи „избира“. На грчки поимот ἀνθολογία (anthologia) значи „збирка на цвеќиња“ и се однесува на една од првите антологии кои ни се познати - „Венец“, направена од грчкиот поет Мелеагар од Гадара, познат и како автор на епиграмот. Во неа тој собрал песни од раните грчки поети. Оваа збирка го оформи јадрото на она што подоцна стана познато како Грчка антологија

Својата антологија на новата француска поезија, Пол Елијар ја нарекол со необично име: „Најдобар избор на песни е оној кој се прави за себеси“. Според српскиот книжевен критичар Зоран Мишиќ, иако звучи крајно субјективистички, препораката на Елијар има подлабока смисла зашто не може да се замисли добра антологија составена од дела кои не ги сака составувачот. Тоа произлегува оттаму што секоја антологија претставува поединечна креација и огледало на личноста на составувачот, токму како секоја друга книга. Оттука,, Мишиќ разликува два типа антологии: антологија „за себе“ и антологија „за нас“ при што двата типа имаат посебна намена: во првиот тип врховен закон се симпатиите на авторот, додека во вториот тип тие ѝ се подредени на објективноста; во првите се избира само она што се сака, а во вторите и она што се цени; првите се поживи, поинтересни и потопли, а вторите се потрајни; првите се многу ретки, а вторите ги има премногу и ретко кога се добри; најпосле, првите се можни само во т.н. големи книжевности.[3]

Во медиумите

[уреди | уреди извор]

Поимот исто така се користи и во телевизиските програми, филмови, стрипови, видео игри и други слични медиуми кои се состојат од голем број на различни приказни.