Ладислав Клима

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ладислав Клима (чешки: Ladislav Klíma) (1878 - 1928) - чешки писател и филозоф.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ладислав Клима

Клима бил многу оригинален човек, не само во творештвото, туку и во секојдневното однесување, бидејќи со својот животен стил свесно ги кршел границите на прифатените општествени норми. Поради навреда на Хабсбуршката династија бил избркан од гимназијата во родното место, така што школувањето го продолжил во Загреб, но и таму не ја завршил гимназијата.

Творештво[уреди | уреди извор]

Клима напишал неколку филозофски книги, а негови највредни дела се гротескниот роман „Страдањата на кнезот Стерњенхох“, новелата „Славната Немезис“ и збирката кратки раскази „Како ќе биде по смртта“.[1]

Скулптура на улицата „Соколовска“ во Височани, во спомен на В. Клима, кој живеел тука од 1915 до 1927 год.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ладислав Клима, Како ќе биде по смртта. Скопје: Бегемот, 2013.