Борис Чипан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борис Чипан
Роден(а)27 март 1918
Охрид
Починал(а)31 март 2012
Скопје
НационалностМакедонец
ЗданијаСудските палати во Штип, Велес и Битола
МАНУ

Борис Чипан (Охрид, 27 март 1918 - Скопје, 31 март 2012) бил еден од најголемите македонски архитекти, поранешен редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Биографија[уреди | уреди извор]

Чипан е роден во Охрид на 27 март 1918 година. Во триесеттите години на 20 век тој заминува на школување во средно школо во Белград благодарение на стипендија доби­ена од еден генерал од Охрид, кој очекувал неговите стипендисти да станат офицери на кралската војска. Чипан по матурирањето се пријавил во Вое­ната академија, но не бил примен. Потоа се запишал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Белград, каде во 1941 година дипломирал. Покрај со педагошката дејност кога предавал проектирање и општествени згради се занимавал и со конзервација на градителскот наследство кога бил и прв директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, со архитектонско проектирање и со публицистика. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси. На полето на конзервацијата позначајни реализации му се: црквите „Св. Софија“ во Охрид, „Св. Наум“, „Св. Пантелејмон“ во Нерези и др. Од областа на архитектонското проектирање позначајни објекти се: судските згради во Штип, Велес и Битола (1956); Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Скопје (1976); Фабриката за фротир во Делчево (1959); поголем број на индивидуални семејни куќи во Охрид. Се занимава со научноистражувачка работа. Чипан е вториот носител на наградата „Андреја Дамјанов“ која ја добил во 1990 година[1].Починал во Скопје на 31 март 2012 година.[2]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Старата градска архитектура во Охрид (II издание), Скопје 1955;
  • Македонските градови во XIX век, Скопје 1978;
  • 111 тези за архитектурата, Скопје 1986;
  • Света Софија, Катедрален храм на Охридската архиепископија, Скопје 1996;
  • Текстови за архитектурата, 1998;
  • Долни Сарај, епизода од историјата на Охрид со Џеладин бег, Охрид 2001;
  • Моето време во Македонската архитектура, Скопје 2008;

Наводи[уреди | уреди извор]

  • К. Грчев, Архитектот Борис Чипан, во: Архитектурата на почвата на Македонија од средината на XIX до крајот на ХХ век, Прилози за проучувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 113–122.
  1. „Дваесет години награда “Андреја Дамјанов“ - архитект Борис Чипан“ (македонски). еПорта. конс. 2009-12-27. 
  2. Почина архитектот Борис Чипан“, Утрински Весник, 31 март (посет. 1 април 2012 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]