Прејди на содржината

Мараја Кери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Mariah Carey
Кери на Tribeca Film Festival од 2008
Животописни податоци
Роден(а)27 март 1969(1969-03-27)(55 г.)
Хунтингтон, Њујорк,
САД
ЖанровиR&B, поп, соул, денс.[1]
ЗанимањаПејачка-текстописец, модел, снимачки продуцент, глумица, филмски продуцент
Период на активност1988–сега
ИздавачиColumbia, Virgin, Island
СоработнициBoyz II Men, Вајтни Хјустон, Лудер Вандрос, Џеј-Зи, Жермен Дупри, Bone Thugs N Harmony, Буста Рајмс, Ники Минаж, Не-Јо
Мреж. местоmariahcarey.com

Потписот на Мараја Кери

Мараја Кери (анг. Mariah Carey; родена 27 март 1969[2][3] различни извор) е американска R&B/поп пејачка-текстописец, снимачки продуцент и глумица.

Животопис

[уреди | уреди извор]

За време на снимањето на третиот албум „Music box, Кери ја започнала врската со Томи Мотола, тогашен директор на дискографската куќа „Сони“, со кого се венчала во јуни 1993 година, а бракот завршил со развод во 1997 година. Една деценија подоцна, Кери се омажила со раперот и продуцентот Ник Кенон, со кого ги има близнаците Морокан и Монро (крстена според Мерилин Монро). Во 2015 година се запознала со милијардерот Џејмс Паркер, кој во јануари 2016 година ја побарал за жена, со 35-каратен дијамантски прстен.[4] Сепак, пред планираната венчавка, тие ја раскинале врската, а Кери барала отштета од 50 милиони долари, обвинувајќи го свршеникот дека ја измамил.[5] Самата Кери истакнала дека нејзината најголема инспирација била Мерилин Монро. Оттука, меѓу вредните предмети во нејзиниот дом се наоѓало и белото пијано што го поседувала Мерилин Монро.[4]

Музичка и филмска кариера

[уреди | уреди извор]

Кери за првпат снимила албум во 1990 година, под контрола на претставникот на Columbia Records, Томи Мотола, по што станала првиот артист кој имал пет топ десет синглови на табелата Билборд Хот 100 во САД. По нејзиниот брак со Мотола во 1993 година, следеле уште неколку хит песни вклучувајќи ги и „Dreamlover“, „Hero“ и „Without You“ од дијамантскиот албум Music Box.

Во април 2016 година излегол нејзиниот компилациски албум „No. 1 to infinity“, кој ги содржи сите 18 песни што стигнале на врвот на топ-списокот на „Билборд“, како и една нова песна со наслов „Infinity“. Таа имала и редовно шоу во Лас Вегас, а во 2015 година го режирала телевизискиот филмБожиќна мелодија“, во кој играла и една од главните улоги. Во 2015 година, Кери потпишала повеќегодишен договор со издавачката куќа „Епик“. На 4 декември 2016 година, на каналот „Е!“ започнало емитувањето на документарното реално шоу „Светот на Мараја“, составено од осум епизоди во кое биле прикажани делови од снимањето на новиот албум, подготовките за европската турнеја.[6][7]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
Спот Година Режисер
Vision of Love 1990. Бојан Базели
Love Takes Time 1990. Џеб Брајан, Валтер Масер
Someday 1990. Лери Џордан
I Don't Wanna Cry 1991. Лери Џордан
There's Got to Be a Way 1991. Лери Џордан
Emotions 1991. Џеф Преис
Can't Let Go 1991. Џим Сонзеро
Make It Happen 1992. Маркус Ниспел
Dreamlover 1993. Дајан Мартел
Anytime You Need A Friend 1994. Данијел Федерици
All I Want for Christmas Is You 1994. Дајан Мартел
Miss You Most (At Christmas Time) 1994. Дајан Мартел
Mariah Carey 1995. Мараја Кери
One Sweet Day 1995. Лери Џордан
Always Be My Baby 1996. Мараја Кери
Honey 1997. Паул Хунтер
Butterfly 1997. Мараја Кери, Даниејел Пиар
Breakdow 1998. Мараја Кери, Дајан Мартел
The Roof 1998. Мараја Кери, Дајан Мартел
My All 1998. Херб Рајтс
My All/Stay Awhile 1998. Дајан Мартел
Sweetheart 1998. Хјуп Вилијамс
When You Believe 1998. Фил Џоану
I Still Believe 1999. Брет Рејтнер
I Still Believe / Pure Imagination 1999. Мараја Кери
Heartbreaker 1999. Брет Рејтнер
Heartbreaker" (Remix, featuring Da Brat, Missy Elliott and DJ Clue) 1999. Дајан Мартел
Thank God I Found You 1999. Брет Рејтнер
Can't Take That Away (Mariah's Theme) 2001. Сана Хамри
Crybaby 2001. Сана Хамри
Loverboy 2001. Дејвид ЛаЧапел
Don't Stop (Funkin' 4 Jamaica) 2001. Сана Хамри
Through The Rain 2002. Дејв Мејерс
Boy (I Need You) 2003. Џозеф Кан
Bringin' On The Heartbreak 2003. Сана Хамри
I Know What You Want 2003. Крис Робинсон
It's Like That 2005. Брет Рејтнер
We Belong Together 2005. Брет Рејтнер
Shake It Off 2005. Џејк Нава
Get Your Number 2005. Џејк Нава
Don't Forget About Us 2005. Паул Хунтер
Say Somethin (featuring Snoop Dogg) 2006. Паул Хунтер
Lil Love 2007. Крис Робинсон
Touch My Body 2008. Брет Рејтнер
Bye Bye 2008. Џастин Францис
I'll Be Lovin' U Long Time 2008. Крис Ејплбаум
I Stay In Love 2008. Ник Канон
My Love 2009. Ник Канон
Love Story 2009. Ник Канон
Obsessed 2009. Брет Рејтнер
Obsessed (Remix, featuring Gucci Mane) 2009. Брет Рејтнер
I Want To Know What Love Is 2009. Хјуп Вилијамс
H.A.T.E.U. 2009. Брет Рејтнер
Up Out My Face 2010. Ник Канон, Мараја Кери
Angels Cry 2010. Ник Канон, Мараја Кери
Oh Santa! 2010. Ејтан Ледер
When Christmas Comes 2011.
All I Want for Christmas Is You (SuperFestive!) 2011. Сана Хамри
Triumphant 2012. Ник Канон
Almost Home 2013. Давид ЛаЧапел
#Beautiful 2013. Џозеф Кан
You're Mine (Eternal) 2014. Индрани, Кери
Infinity 2015. Брет Рејтнер
I Don't(featuring YG) 2017. Мараја Кери
The Star 2017.
GTFO 2018. Сара МекКолган
With You 2018. Сара МекКолган
A No No 2019. Сара МекКолган
All I Want for Christmas Is You 2019. Џозеф Кан
Oh Santa! 2020.
Where I Belong 2021.
  1. Ankeny, Jason. „allmusic ((( Mariah Carey > Overview )))“. Allmusic. Rovi Corporation. Архивирано од изворникот на 2019-11-12. Посетено на 22 октомври 2009.
  2. „Recent Births Are Announced“. The Long-Islander. Huntington, New York. April 10, 1969. стр. 2Предлошка:Hyphen3. Архивирано од изворникот на 2021-03-03. Посетено на February 16, 2021 – преку NYS Historic Newspapers. Recent births at Huntington Hospital have been announced as follows ... March 27 Mariah, Mr. and Mrs. Alfred Carey, Huntington
  3. Buchanan, Jacob. "Mariah Carey: Biography", AllMusic.com
  4. 4,0 4,1 Наташа Спирова – Серафимова, „Свршеникот ми ги слуша песните додека патува“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 11.
  5. Утрински весник, година XVII, број 5239, вторник, 22 ноември 2016, стр. 24.
  6. Наташа Спирова – Серафимова, „Свршеникот ми ги слуша песните додека патува“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 10.
  7. „Публиката конечно вистински ќе ме запознае“, Дневник, година XX, број 6225, сабота-недела, 26-27 ноември 2016, стр. 21.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]