Џеј-Зи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џеј-Зи
Jay-Z
Џеј-Зи на концерт во 2006- та.
Биографски податоци
Родено имеШон Кореј Картер
Роден(а)4 декември 1969
Њујорк
ЖанровиХип-хоп
Занимањарапер текстописец
Период на активност1986–сегашност
ИздавачиRoc Nation
СоработнициКање Вест, Еминем, Бијонсе Ноулс, Лил Вејн
Мреж. местоJay-Z.com

Шон Кори Картер попознат како Џеј-Зи (Jay-Z) (Њујорк, 4 декември 1969[1]) е американски рапер, основач и поранешен сопственик на Roc-A-Fella Records, поранешен претседател на Def-Jam и основач и сопственик на Roc Nation, фирма за забава која се занимава и работи како дискографска куќа, спортска агенција, музичка агенција, талент агенција, и во областа на ТВ и филм. Тој е ко-сопственик на клубот Њујорк 40/40, има влогови во Uber, има сопствен шампањ наречен Armand de Brignac, поседува сопствен стриминг сервис наречен Tidal, и останати влогови во фирми за канабис. Џеј-Зи е еден од најуспешните рапери на 1990-тите и беше изгласан за еден од најдобрите светски рапери во глобала[2]. Нето вредноста на Џеј во 2022 изнесува од 1.3 билиони долари, правејќи го вториот најбогат рапер после Кање Вест[3]. До денес, тој има објавено дванаесет албуми, а се потпишува и како автор на многу светски хитови.

Џеј-Зи долго време беше во врска со познатата Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс. Во 2006, беа додадени на списокот на 100 највлијателни парови во светот. Во 2008 година, тие се венчаа на кровот од неговата зграда во Њујорк.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Џеј-Зи.

Албуми во соработка со други пејачи и групи[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mikelbank, Peter. http://www.people.com/people/article/0,,20164322,00.html People Magazine article, 5 декември 2007, retrieved 31 октомври 2009.
  2. The Greatest MCs of All Time MTV. Посетено на 2006-12-26
  3. Sager, Jessica (14 Јуни 2022). „Jay-Z Net Worth in 2022“. Parade. Forbes.com. Архивирано од изворникот на 2012-05-30. Посетено на 2022-06-14. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)