Бијонсе Ноулс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бијонсе Ноулс
Beyoncé Knowles
Ms. magazine Cover - Spring 2013.jpg
Основни податоци
Родено имеБијонсе Жизел Ноулс
Роден(а)4 септември 1981 (1981-09-04) (39 г.)[1]
ПотеклоХјустон, Тексас, САД
Жанр(ови)R&B, поп
Занимање/њапејач-текстописец, актерка
Инструмент(и)волак
Години активност1997–сега
Прод. куќа/ќиColumbia Records
Сродни групиDestiny's Child
Веб-местоBeyonceOnline.com Autograph Beyonce.jpg
потпис

Бијонсе Жизел Ноулс (англиски: Beyoncé Giselle Knowles), родена на 4 септември, 1981 година, најдобро позната само како Бијонсе, е американска Р&Б пејачка, текстописец, продуцент, глумица и моден дизајнер. Родена и израсната во Хјустон, Тексас, таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и уште од мала била изложена на натпревари по пеење и танцување. Ноулс станува славна во доцните ‘90ти како главен вокал на женската група Дестинис Чајлд.

За време на паузата на Дестинис Чајлд, Ноулс го издаде својот прв соло албум, Dangerously in Love, во јуни 2003 година. Dangerously in Love ги создаде број-еден хитовите: „Crazy in Love“ и „Baby Boy“. Албумот стана еден од најуспешните албуми таа година. Тој ѝ донесе на Ноулс пет Греми награди во 2004 година и неговиот прием ја докажа нејзината изводливост како соло артист. Растурањето на Дестинис Чајлд во 2005 година го олеснија нејзиниот постојан успех: таа го издаде својот втор соло албум, B'Day, во 2006. Албумот се искачил на првото место на табелата Билборд 200 и од него произлегле сингловите „Irreplaceable“ и „Beautiful Liar“. Нејзиниот трет соло албум, I am… Sasha Fierce, беше издаден во ноември 2008 година и ги вклучува хитовите: „If I Were a Boy”, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ и „Halo”. Албумот ѝ донел шест награди на 52рите Греми Награди, со што го срушила рекордот на најмногу освоени Греми Награди од женски артист за една ноќ.[2][3]

Успехот на нејзините соло албуми ја оформи Ноулс како еден од најпродаваните артисти во музичката индустрија. Таа ја започна својата актерска кариера во 2001 година, појавувајќи се во мјузиклот Кармен: Хип Хупера. Во 2006 година, ја играше главната улога во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј, Dreamgirls, за кој заработила две номинации за Златен Глобус. Во 2004 година, Ноулс ја лансираше својата семејна модна линија, House of Deréon, и беше ангажирана да потпише брендови како Песпси, Томи Хилфигер, Армани и Лореал. Во јуни 2010, Ноулс била рангирана на второто место на списокот на 100 Најмоќни и Највлијателни познати луѓе во светот од Форбс,[4][5] и на првото место на нивниот спусок на Намочни и Највлијателни музичари во светот.[6]

Ноулс има добиено многу награди и пофалби. Таа е една од најпочестените артисти на Греми Наградите и трета меѓу женските артисти,[7] со 16 Греми Награди[8] – 13 како соло артист и 3 како член на Дестинис Чајлд.[9] Ноулс била рангирана на четвртото место на декадата од 2000-тите од Билборд[10] и била вклучена како една од најуспешните женски артисти на декадата, како и топ радио артист на декадата.[11] Американската Снимачка Индустриска Асоцијација (RIAA), исто така ја ранкирала Ноулс меѓу првите сертифицирани артисти на декадата.[12][13] Ноулс има продадено повеќе од 118 милиони плочи низ целиот свет, од кои 11.2 милиони албуми и 25 милиони синглови има продадено само во САД од мај 2010. Од септември 2009, таа продала 75 милиони албуми ширум светот, со што станала еден од најдобро продаваните музички артисти на сите времиња.[14]

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

1981–1996: Ран живот и почетоците на кариерата[уреди | уреди извор]

Ноулс е родена во Хјустон, Тексас, ќерка на Метју Ноулс, успешен менаџер, и Тина Бијонсе, костимограф и стилист за коса. Таткото на Ноулс е Афро-Американец а мајката од креолско (афро-американско, американско и француско) потекло.[15] Бијонсе е крстена по моминското име на мајка ѝ како почит кон неа и за да не застари името, бидејќи само малку машки во семејството го носат тоа име.[15] Нејзините баба и дедо од мајчина страна, Лумиз Алберт Бијонсе и Агнез Дереон, се од Луизијана Креоле, каде францускиот е службен јазик. Таа е постарата сестра на Соланж Ноулс, пејачка-текстописец и актерка.

Бијонсе се образувала во основното школо St.Mary во Тексас, каде била посетувала часови по танц, вклучувајќи балет и џез. Нејзиниот пејачки талент бил откриен кога нејзиниот инструктор по танцување почнал да мрмори некоја песна, и таа ја довршила, достигнувајќи ги високите тонови.[16] Иако срамежлива девојка, за каква што ја сметала нејзината мајка, интересот на Ноулс за музика и изведување почнал неочекувано по учествувањето во едно училишно шоу за таленти. Откако доживеала момент на сцената, таа го надминала својот срам и сакала да стане пејач и изведувач. На седумгодишна возраст, таа учествувала на своето прво шоу за таленти, пеејќи ја „Imagine” од Џон Ленон. Таа победила на натпреварот и била почестена со овации.[17][18] Уште на таа возраст, Ноулс почнала да добива внимание од медиумите и била спомената во локалниот весник Houston Chronicle како номирана за локалната награда за сценски уметности- The Sammy.[19]

Есента, 1990 година, Ноулс се запишува во училиштето Parker, привлечно музичко школо во Хјустон, каде што би изведувала на сцена со школскиот хор.[16] Таа исто така ја посетувала и Високата Школа за Сценски и Визуелни Уметности во Хјустон,[20] а подоцна во средното школо Alief Elsik.[15][21] Ноулс била солист во хорот на нејзината црква, во St. John’s United Methodist Church.[16] Но, во хорот издржала само две години, бидејќи била преокупирана со нејзината новооткриена кариера.[22]

На осумгодишна возраст, Ноулс се запознала со ЛаТавија Роберсон на аудиција за женска група.[23] Тие, заедно со другарката на Ноулс, Кели Роуланд, биле сместени во група којашто изведувала рап и танцување. Првично именувани каоо Girl’s Tyme,[16] со текот на времето се намалиле на шест членки. Со Ноулс и Роуланд, Girl’s Tyme привлекувале публика на државно ниво. Ритам и блуз продуцентот од западниот брег, Arne Frager, долетал до Хјустон, да ги види. Потоа ги однел во неговото студио- The Plant Recording Studios[16] – во Северна Каролина, ставајќи го во преден план вокалот на Бијонсе, бидејќи мислел дека таа има личност и моќ за пеење. Како дел од напорите за Girl’s Tyme да потпишат договор за голема продуцентска куќа, стратегијата на Фрагер вклучувала нивно дебитирање во Star Search, најголемото шоу за таленти на националната ТВ во тоа време.[16] Girl’s Tyme учествувале во натпреварот, но изгубиле, бидејќи, како што самата Ноулс признава, песната што ја пееле не била добра.[24][25] По овој пораз, Ноулс го доживува првиот „професионален неуспех”, но потоа повторно ја вратила самодовербата откако дознала дека и поп ѕвездите Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк го имале истото искуство.[16]

За да управува со групата, таткото на Ноулс (кој во тоа време бил продавач на медицинска опрема), во 1995 година, дава отказ од својата работа.[26] Тој го посветил своето време и воспоставил „логор” за нивно обучување.[27] Овој потег ги намалил приходите на семејството Ноулс на половина и поради големиот притисок нејзините родители се разделиле.[15] Кратко по вклучувањето на Роуланд, Метју го намалил првичниот состав на четири, со доаѓањето на ЛеТоја Лукет во 1993 година.[23] Вежбајќи во салонот на мајката на Ноулс -Tina’s Headliners Salon, групата продолжила да настапува како предгрупа на многу веќе докажани ритам и блуз групи во тоа време; Тина придонесла во процесот со дизајнирање на нивните костими, што продолжила да го прави низ целиот Дестинис Чајлд период. Со постојаната поддршка на Метју, тие оделе на аудиции во продуцентски куќи, пред конечно да потпишат за Elektra Records, за на крај да бидат отфрлени само неколку месеци пред да можат да издадат албум. Ова ја разделило нејзината фамилија и нејзините родители биле накратко разделени кога таа имала 14 гофини. Во 1996 нејзината фамилија повторно се вратила заедно и девојките потпишале договор со Columbia Records.[17]

1997–2001: Периодот на Дестинис Чајлд и депресијата[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Destiny's Child.
Ѕвезда на Destiny's Child на Hollywood Walk of Fame.

Земајќи инспирација од извадок од Книгата пророк Исаија, во 1993 г., групата го менува името во Дестинис Чајлд (Destiny’s Child). Заедно тие настапуваат на локални случувања, и по четири години на пат, во 1997 г. потпишуваат за Columbie Records. Истата година, Дестинис Чајлд го снимија својот поголем деби сингл “Killing Time” за саундтракот на филмот Men in Black.

Наредната година, групата го издаде својот истоименуван деби албум, кој им го донесе нивниот прв поголем хит “No, No, No”. Со овој албум групата се докажа како способен изведувач во музичката индустрија, кој остварува умерени продажби и има освоено три награди Soul Train Lady of Soul за најдобар р&б/соул сингл за “No, No, No”, најдобар албум на годината, и најдобар нов р&б/соул или рап изведувач. Сепак, групата постигна вистинска слава откако во 1999 г. го издаде мултиплатинестиот албум “The Writing’s on the Wall”. Албумот влучува неколку од најпознатите песни на групата како “Bills, Bills, Bills”, првиот број еден сингл на групата, “Jumpin’, Jumpin’” и “Say My Name”, која стана нивната најуспешна песна во тоа време, и остана една од нивните клучни песни. Со “Say My Name” ја освоија наградата за Најдобра Р&Б Изведба од Дуо или Група со Вокали, и Најдобра Р&Б Песна на Греми Наградите во 2001 г. Албумот The Writing’s on the Wall се продаде во повеќе од седум милиони копии, албум со кој направија најголем пробив.

Заедно со нивните комерцијални успеси, групата стана заплеткана и во многу публицистички превирања вклучувајќи ги судските парници на Luckett и Roberson за прекршување на договорот. Проблемот се зголеми откако Michelle Williams и Farrah Franklin се појавија на спотот за Say My Name навестувајќи дека Luckett и Roberson се веќе заменети. Најпосле, Luckett и Roberson ја напуштија групата. По пет месеци, Franklin постепено почна да се губи од групата, како што беше очигледно по нејзините отсуства на промотивни појавувања и концерти. Нејзиното заминување таа го препиша на негативните вибрации во групата кои биле резултат на неслогата.

Откако се одлучи за конечниот состав, триото ја сними “Independent Woman Part 1”, која се појави на саундтракот на филмот од 2000 г., Charlie’s Angels. Овој сингл стана најдобар на листите, задржувајќи го врвот на официјалната американска листа- official U.S. singles chart, непрекинато цели единаесет недели. Успехот го зацврсти овој состав и го лансираше директно кон славата. Подоцна истата година, Luckett и Roberson го повлекоа случајот против новоформираниот бенд, но го остави оној против Mathew, чиј епилог беше двете страни да престанат јавно да се омаловажуваат. Третиот албум на Дестинис Чајлд, Survivor, го канализираше превирањето низ коешто поминаа, создавајќи го истоимениот главен сингл, кој беше одговор на искуството. Темите од “Survivor”, сепак, беа причина за Luckett и Roberson повторно да поднесат тужба, верувајќи дека песните биле насочени кон нив. Како и да е, судските постапки беа подмирени во јуни 2002 г. Во меѓувреме, албумот беше издаден во мај 2001 г., дебитирајќи на првото место на U.S. Billboard 200, со продадени 663,000 примероци. До денес, Survivor e продаден во преку десет милиони примероци низ целиот свет, од кои преку 40% беа продадени само во USA. Албумот создаде и други број еден хитови, како “Bootylicious”, и насловната песна “Survivor” која на групата и донесе Греми Награда за најдобра р&б изведба од дуо или група со вокали. По издавањето на нивниот празничен албум, 8 Days of Christmas, групата објави пауза за да продолжат со соло проекти.

2002–04: Развивање на кариерата и филмови[уреди | уреди извор]

Во 2000 г., Бијонсе потпиша договор со Columbia Records за три албуми. Додека Ноулс беше со Дестинис Чајлд имаше и соло појавувања. Таа направи дует со Марк Нелсон со песната “After All Is Said and Done” за саундтракот на филмот The Best Man од 1999 г., и синглот “I Got That” од 2000 г. со раперот Амил. На почетокот на 2001 г., додека Дестинис Чајлд го довршуваа Survivor, Ноулс остварува голема улога во филмот за MTV Carmen: A Hip Hoopera, покрај глумецот Mekhi Phifer. Поставен во Филаделфија, филмот е модерна изведба на операта Кармен од 19 век, на францускиот композитор Жорж Бизе.

Во 2002 г., играше споредна улога во комедијата Austin Powers in Goldmember, играјќи ја Foxxy Cleopatra покрај Mike Myers. Филмот го достигна врвот на “бокс офисот”, заработувајќи 73,1 милион долари само за првиот викенд. Ноулс го издаде својот прв соло сингл, “Work It Out”, за саундтракот на овој филм. Наредната година, Ноулс играше наспроти Куба Гудинг Џуниор во романтичната комедија The Fighting Temptation, и за неговиот саундтрак ја сними песната “Fighting Temptation” заедно со раперите Missy Elliott, MC Lyte и Free.

Истата година, Бијонсе пееше во хит-синглот “03 Bonnie & Clyde” на нејзиното момче Jay-Z. Таа исто така сними и верзија на песната на 50 Cent, “In Da Club”, и ја издаде во март 2003 г. Лутер Вандрос и Ноулс го препејаа дуетот “The Closer I Get to You” кој беше испеан во оригинал од Роберта Флек и Дони Хедевеј во 1977 г. Оваа верзија наредната година доби награда Греми за најдобра р&б изведба од дуо или група со вокали, а Вандрос, со “Dance With My Father” каде исто така се појавува Ноулс, доби Греми за најдобра машка р&б вокална изведба.

2002–04: Dangerously in Love[уреди | уреди извор]

Откако Вилијамс и Роуланд ги издадоа своите соло трудови, Ноулс го издаде својот деби соло албум, Dangerously In Love, во јуни 2003 г. Албумот, во кој се појауваат многу музички соработници, содржи комбинација на брзи и бавни песни. Албумот дебитираше на Billboard 200 на првото место, продавајќи се во 317,000 копии во првата недела. Потврден од страна на Recording Industry Association of America како четворократен платинест албум во 2004 г., тој е продаден до денес во 4.2 милиони копии во USA.

Албумот произведе два број еден синглови. “Crazy In Love” во кој се појавува рап ѕвездата Jay-Z, беше издаден како носечки сингл на албумот и се задржа на Billboard Hot 100 цели осум недели и се искачи на многу топ списоци низ целиот свет. Ноулс исто така успешно доминираше во Велика Британија, каде исто времено го достигнуваше врвот на албумските и сингловските топ листи. Вториот сингл од албумот, “Baby Boy”, во кој се појавува Шон Пол, исто така стана еден од најголемите хитови во 2003 г., доминирајќи во радио етерот во Америка и задржувајќи се девет недели на првото место на Billboard Hot 100, една недела повеќе од “Crazy In Love”. За разлика од Crazy In Love, последните три синглови постигнаа моментален комерцијален успех, издигнувајќи го албумот на врвот на листите, движејќи се кон тоа тој да стане мулти-платинест.

Ноулс освои пет награди Греми во 2004 г. за нејзиниот соло успех, кои вклучуваат Најдобра Женска Р&Б Вокална Изведба за “Dangerously In Love”, Најдобра Р&Б Песна за “Crazy In Love” и Најдобар Современ Р&Б Албум. Оваа особеност таа ја дели со четири други женски артисти: Лорин Хил (1999 г.), Алиша Кис (2002 г.), Нора Џоунс (2003 г.) и Ејми Вајнхаус (2008 г.). Во 2004 г., таа освои награда Брит за Интернационален Женски Соло Артист.

Destiny Fulfilled и растурање на групата (2004-2005)[уреди | уреди извор]

Во 2004 г., Ноулс планираше да издаде следбеник на Dangerously In Love, кој би содржел некои останати снимки од минатото. Сепак, нејзините музички аспирации беа ставени на пауза, за време на конфликтните распореди, вклучувајќи го нејзиното снимање со Дестинис Чајлд за тоа што ќе биде нивниот последен албум. На почетокот на таа година, Ноулс настапуваше со националната химна на Super Bowl XXXVIII на Reliant Stadium во Хјустон што призна дека и било остварување на сонот од детството.

По тригодишен пат кој вклучуваше концентрирање на индивидуални соло проекти, Ноулс им се придружи на Роуланд и Вилијамс за Destiny Fulfilled, издаден во ноември 2004 г. Албумот го достигна второто место на Billboard 200, и создаде неколку топ четириесет хитови, вклучувајќи ги “Lose My Breath”, “Soldier”. Како поткрепа на албумот, во 2005 г. групата отпочна светска турнеја насловена како Destiny Fulfilled…And Lovin’ It, која започна во април и траеше до септември. На посетата на Барселона, Шпанија, групата го најави своето растурање по завршувањето на Северно-Американскиот дел од турнејата. Во октомври 2005 г., групата издаде компилациски албум насловен како #1’s, вклучувајќи ги сите број еден хитови на Дестинис Чајлд и повеќето од нивните добро познати песни. Колекцијата на најдобри хитови исто така вклучуваше три нови песни, како “Stand Up For Love”. Дестинис Чајлд беа почестени со ѕвезда на Холивудската Патека на Славните. Тие исто така беа признати како најдобро продаваната женска група на сите времиња.

Продолжувајќи ја нејзината филмска кариера, Ноулс играше во филмот The Pink Panther, играјќи ја улогата на Xania, меѓународна поп ѕвезда, покрај Стив Мартин, кој го играше Инспекторот Клузо. Филмот излезе во февруари 2006 г., и дебитираше на првото место на бокс офисот, заработувајќи 21,7 милиони долари во првата недела. Ноулс ја сними “Check On It” за саундтракот на овој филм, во која се појавува Slim Thug, и со неа го достигна врвот на Billboard Hot 100.

На крајот на 2005 г., Ноулс повторно го одложи нејзиниот втор албум, откако ја изигра улогата во Dreamgirls, филмската адаптација на Бродвејскиот хит-мјузикл од 1981 г., во кој се работи за женска пејачка група од ‘60тите год. Во филмот, таа го портретира ликот на Дина Џоунс, кој е заснован на Дајана Рос. За магазинот Billboard Ноулс изјави: “Нема да пишувам за албумот сè додека не го завршам филмот”. Издаден во декември 2006 г., Dreamgirls вклучува ѕвезди како Џејми Фокс, Еди Марфи и Џенифер Хадсон. Ноулс сними неколку песни за санудтракот на овој филм, вклучувајќи ја насловната песна “Listen”. На 14ти декември 2006 г., Ноулс беше номинирана за две награди Златен Глобус за овој филм: Најдобра Актерка во Мјузикл или Комедија и Најдобра Насловна Песна за “Listen”.

B’Day (2006-2007)[уреди | уреди извор]

Cover shows a woman singing on stage, wearing a silver gown with straps falling over one arm and long, curly, wild hair.
Ноулс ја пее „Listen“, песна која била инспирирана од нејзината улога во филмот, Dreamgirls (2006)

Инспирирана од нејзината улога во Dreamgirls, Ноулс работеше на својот втор албум без некој посебен план; за MTV изјави: “Кога заврши снимањето на филмот, имав толку многу потиснати работи, толку многу емоции, толку многу идеи”. Ноулс работеше со претходните музички соработници, како Rich Harrison, Rodney Jerkins и Sean Garett, во студиото на Sony Music во Њујорк. Таа исто така ги напиша и ги продуцираше скоро сите песни вклучени во овој албум, кој беше завршен за три недели.

B’Day беше издаден низ целиот свет на 4ти септември 2006 г., и на 5ти септември 2006 г., за да коинцидира со славењето на нејзиниот 25ти роденден. Албумот дебитираше на првото место на Billboard 200, продавајќи се во повеќе од 541,000 копии во првата недела, нејзината најголема продажба за една недела како соло артист. Албумот трипати беше признат за платинест во Соединетите Американски Држави од страна на Recording Industry Association of America. Албумот го донесе број еден синглот во Велика Британија, “Déja Vu”, насловниот сингл на албумот, во кој се појави и Jay-Z. Синглот “Irreplaceable” беше издаден во октомври 2006 г., како втор сингл низ целиот свет и трет во USA. “Irreplaceable” се задржа на врвот на Billboard Hot 100 цели десет недели, и со тоа стана нејзин сингл кој до денес најдолго се задржал на топ листите. Иако стануваше збор за комерцијален успех, неговата продукција која беше завршена за релативно краток временски период, беше изложена на внимателно критикување.

Ре-изданието на B’Day на 3ти април 2007 г., како делукс издание, вклучуваше пет нови песни, како и шпанска верзија на “Irreplaceable” и “Listen”. Истовремено, The B’Day Anthology издаде 10 музички видео спотови. Како поткрепа на албумот, Ноулс започна концертна турнеја насловена како The Beyoncé experience, посетувајќи преку 90 места низ целиот свет, и сето тоа беше ставено на концертното ДВД – The Beyoncé Experience Live!. На Греми Наградите во 2007 г., Ноулс со B’Day ја доби наградата за Најдобар Современ Р&Б Албум. Бијонсе влезе во историјата на 35та годишнина на Американските Музички Награди, како првата жена што ја добила наградата за Интернационален Артист.

I am…Sasha Fierce (2008-2009)[уреди | уреди извор]

Ноулс ја изведува „Single Ladies (Put a Ring on It)” за време на нејзината турнеја, I Am... Tour во 2009.

Ноулс го издаде својот трет студиски албум, I am…Sasha Fierce на 18ми ноември 2008 г. Таа вели дека името Sasha Fierce е името на личноста која станува таа кога настапува на сцена. “Имам некој друг кој ме презема кога доаѓа време да работам и кога сум на сцена, некое алтер его што сум го создала коешто ме штити на некој начин мене и она што навистина сум”. Во едно интервју со продуцентот Rodney Jerkins, тој вели дека стилот на албумот постојано се менувал и бил инспириран од музичкиот филм Cadillac Record, во кој на Ноулс и беше доделено да ја игра познатата блуз пејачка Etta James. Нејзината изведба во филмот доби многу пофалби од критичарите. Ноулс исто така глумеше покрај Ali Larter и Idris Elba во трилерот наречен Obsessed, кој беше во продукција од мај 2008 г. Филмот доби слаби критики и имаше ранг од 19% на Rotten Tomatoes. Сепак, досега филмот се покажа дека е комерцијален успех и беше издаден во USA 24ти април 2009 г. Филмот заработи 11,1 милиони долари на првиот ден од продажбата и ја заврши првата недела на место број еден, со заработувачка од 28,6 милиони долари.

Првиот и вториот сингл од I am…Sasha Fierce, “If I Were a Boy” и “Single Ladies (Put a Ring On It)”, беа пуштени на радио на 8ми октомври 2008 г., претходејќи на издавањето на албумот на 18ти ноември 2008 г. Додека “If I Were a Boy” го достигна врвот на многу списоци низ целиот свет, главно во Европа, “Single Ladies (Put a Ring On it)” се качи на врвот на Billboard Hot 100, и издржа четири недели, и со тоа Ноулс го доби својот петти број еден сингл во USA. Нејзиниот четврти сингл од овој албум, “Halo”, го достигна 5тото место и со тоа стана 12тата топ 10 песна на Ноулс на Hot 100 како соло артист. Тоа ја направи Ноулс женски артист со најмногу топ десет синглови на Hot 100 во оваа деценија. Ноулс ја започна нејзината третска светска турнеја, I am… Tour, која почна пролетта 2009 г., посетувајќи места низ целиот свет, од Америка, Африка, Азија, Европа и Океанија.

Ноулс ја освои наградата Истакнат Женски Артист на NAACP Image Awards во 2009 г. Таа настапуваше на 18ти јануари на свеченоста Lincoln Memorial Festivities во чест на инаугурацијата на Барак Обама, 44-от Претседател на Соединетите Американски Држави. Таа исто така отпеа и нејзина верзија на р&б класиката “At Last”, претходно популарно отпеана од Etta James, додека Претседателот Обама и неговата жена Мишел го имаа првиот танц како Претседател и Првата Дама на Америка, на 20ти јануари 2009 г. на Neighborhood Inaugural Ball.

2010–сега: 4[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „4 (албум на Бијонсе Ноулс).

Во јануари 2010, Ноулс имала интервју со USA Today и изјавила дека планира да се одмори од музиката во 2010. Таа изјавила, „дефинитивно е време да се одморам, да ги наполнам батериите. ... Сакам да не одам шест месеци во студиото. Само ми треба да го живеам животот, да бидам иниспирирана од некои работи повторно.“[28] За ова време сегмент од 60 Minutes открил дека Ноулс како дете била образувана дома и се молела пред секој настап.[29] Во февруари 2010, таа ја пеела песната, „Telephone“ заедно со Лејди Гага. Песната се искачила на првите места на табелите за поп песни, станувајќи шестиот број-еден сингл на Ноулс и Гага. Со ова, тие се изедначиле со Мараја Кери со најмногу број еден синглови откако табелата Nielsen BDS-based Топ 40 започнала во 1992.[30] „Telephone“ добила Греми номинација за најдобра поп соработка со вокали на 53тите Греми Награди.[31]

Во ноември 2010, Ноулс открила дека почнала да работи на нејзиниот четврт студиски албум, 4 и пишувала и продуцирала нов материјал.[32] Таа објаснила дека користела музика во живо за да креира сопствен музички жанр. Подоцна рекла, „Добро, јас не би рекла дека измислувам нов жанр... Го мешам секој тип на жанр кој го сакам и сум инспирирана од секој жанр... Не е Р&Б. Не е типичен поп. Не е рок. Тоа е само сè што сакам помешано заедно.“[33] Ноул открила дека албумот бил инспириран од неколку музичари, вклучувајќи ги Фела Кути, The Stylistics, Лорин Хил, Стиви Вондер и Мајкл Џексон.[33] Продуцентите и текстописеците на албумот биле Џим Џонсин,[34] Не-Јо,[35] Син Гарет,[36] The Dream, Symbolyc One,[37] Diplo, Switch, Дерек Милер[38] и Френк Оушн.[39] 4 ќе биде издаден на 28 јуни 2011.[40] Водечкиот сингл, „Run the World (Girls)“ бил издаден на 21 април 2011[41] а вториот сингл, „Best Thing I Never Had“, бил издаден на 1 јуни 2011.

Покрај музиката, Ноулс ќе се враќа на глумата, глумејќи во Ѕвезда е Родена, филм режиран и продуциран од Клинт Иствуд за Warner Bros. Римејкот ќе биде на четвртото кажување на приказната Ѕвездата е Родена, највпечатливото во последните неколку години по верзијата од 1976 со Барбра Страјсенд и Крис Кристоферсон.[42] Во февраути, 2011, било потврдено дека Ноулс ќе биде главен акт на Гластонберискиот фестивал од 2011, изведувајќи 90-минутен настап последниот ден од фестивалот, 26 јуни 2011.[43] Таа исто така ќе изведува на Оксиџен Фестивалот во Ирска, и фестивалот T in the Park во Шкотска за време на јули 2011.[44] Ноулс се најде под огнот на музичките индустриски директори по документи кои откриле дека таа добила колку што е 1 милион евра за изведба пред членовите на семејството на либискиот диктатор Муамер Гадафи.[45] Сепак портпарол изјавил дека Ноулс донирала пари за Клинтон Буш Хаити Фондот, направен со цел за да се помогне на жртвите од Земјотрес на Хаити од 2010 година.[46] На 28 март 2011, било изјавено дека Ноулс повеќе нема да биде менаџирана од нејзиниот татко Метју Ноулс, кој бил нејзин менаџер од Destiny's Child.[47]

Стил и имиџ[уреди | уреди извор]

Музика и глас[уреди | уреди извор]

Ноулс, која е мецо-сопран, отсекогаш била идентификувана како централниот член во Дестинис Чајлд. Jon Pareles од New York Times изјави дека таа го има гласот кој ја дефинира групата, пишувајќи дека нејзиниот глас е “нежен но сепак остар, со упорен трепет и задава соул удари”. James Anthony од The Guardian го нарече нејзиниот глас карактеристичен и брз, со вокална техника на речиси икање. Другите критичари го фалат нејзиниот опсег и моќ. Во анализирањето на нејзиниот втор албум, B’Day, Jody Rosen од Entertainment Weekly, пишува дека “Бијонсе Ноулс е систем на бура маскиран во пејачка. Во нејзиниот втор соло албум, B’Day, песните доаѓаат во големи налети на ритам и емоции, со гласот на Бијонсе кој се разбранува над тропотните ритми; би морале да барате далеку и нашироко-можеби во салата на Metropolitan Opera-за да најдете вокалист со почиста јачина...Никој-ни R.Kelly, ни Usher, ни некоја од нејзините ривалки поп диви, може да се мери со нејзината надареност да ги развлекува нејзините вокални линии покрај хип хоп ритам.” Andrew Leahey од Allmusic го нарече нејзиниот глас –глас на сирените, додека The Sidney Morning Herald напиша дека таа има “зарипнат” и “јужњачко-акцентиран” глас. Списанието Cove ја рангираше како седма на листата на 100те Најистакнати Поп Вокалисти, давајќи и 48 од 50 поени засновани на повеќе критериуми, од нејзината вокална способност до хармонијата.

Музиката на Ноулс претежно се смета за современ ритам и блуз, но исто така вклучува жанрови од денс-поп, фанк, поп и соул. Додека таа издава скоро исклучително англиски песни, сепак има снимено и неколку шпански верзии за ре-изданието на B’Day. Дестинис Чајлд веќе имаа снимено шпанска песна и добија позитивни критики од нивните латино-американски фанови. Ноулс учела шпански на школо додека била помлада, но сега знае само неколку зборови од овој јазик. За снимањето на шпанските наслови за ре-изданието на B’Day, таа имаше фонетички инструктор, американскиот продуцент, Rudy Perez.

Компонирање и продуцирање[уреди | уреди извор]

Од Дестинис Чајлд, Бијонсе беше уметнички вклучена во нејзината кариера. Таа ги ко-компонираше повеќето од песните што ги сними групата, како и нејзините соло трудови. Позната по пишување на лично инспирирани и композиции на тема за женската еманципација, таа има изјавено дека имајќи го Jay-Z во нејзиниот живот смениле неколку од нејзините ставови за тоа како мажите и жените се поврзуваат меѓу себе. Некои од нејзините песни се автобиографски, за кои таа има признато дека се инспирирани од лични искуства, или искуства на нејзините пријатели.

Ноулс ги има ко-продуцирано повеќето од снимките во кои била вклучена, посебно за време на нејзините соло обиди. Иако таа сама не ги создава ритмите, таа смислува типични мелодии и идеи за време на продукцијата, споделувајќи ги о продуцентите. Ноулс беше призната како композитор за време на Дестинис Чајлд периодот, во ‘90-тите и почетокот на XXI век. Таа ја освои наградата Композитор на Годината во 2001 г., на манифестацијата American Society of Composers, Authors and Publishers Pop Music Awards, и со тоа стана првата афро-американка и општо, втората жена на сите времиња што го постигнала тоа уметничко остварување. Во една година, Ноулс доби три признанија за компонирање, за ко-компонирање на “Irreplaceable”, “Grillz” и “Check On It”, едиствената жена по Carole King во 1971 г. и Mariah Carey во 1991 г. Во смисла на признанија, таа е изедначена со Diane Warren на третото место со девет број еден синглови.

Покрај нејзините признанија за компонирање од Дестинис Чајлд, нејзината вклученост беше предмет на медиумски надзор. Во едно издание на списанието Vanity Fair, на чија насловна страна случајно се најде Бијонсе, вклучуваше статии што се однесуваа на нејзините признанија како композитор. Во списанието, таа вели: “Имам напишано...седум, осум по ред број еден синлгови со Дестинис Чајлд”. Roger Fredman од FOX News, се сомневаше во веродостојноста на нејзината изјава. Еден негов аргумент се однесуваше за нејзиното признание за песната “Crazy In Love”. Тој истакна дека песната била напишана од Eugene Record од The Chi-Lites, и била земена само како пример од страна на Rich Harrison, кој ја продуцирал песната. Во извештајот од 2004 г. во вестите на MTV, беше изјавено: “…Harrison пријде и го напишта текстот и приказната, оставајќи го другиот дел на Бијонсе”. Friedman исто така наведе песни од Дестинис Чајлд и нејзините соло снимки во неговите аргументи. Друг проблем кој се рашири врз името на Бијонсе, беше дискредитирањето на нејзината номинација за “Listen” на Оскарите во 2007 г. Управувањето на Академијата објасни дека само тројца големи придонесувачи можат да бидат признати за време на процесот на наградување, а Ноулс е најмалку меѓу првите четири.

Во 2008 г., Ноулс се појави на шоуто X Factor, во финалната сезона, изведувајќи дует со евентуалната победничка Alexandra Burke. Ноулс изјави дека би сакала Александра да оди на турнеја со неа и дека моментално е во преговори да напише и сними дует за Burke за нејзиниот деби албум.

Сцена[уреди | уреди извор]

Во една статија, насловена како “Born to Entertain” (Родена да Изведува), Ноулс, покрај класичните и современите забавувачи, беше пофалена за нејзините сценски изведби. Нејзината изведба на гробот на поранешниот претседател на USA, Ulysses S.Grant на 4ти јули 2003 г., беше наведена како похотно кореографирана; присутните потомци на Грант имаа мешани реакции.

Во 2006 г., Ноулс го претстави нејзиниот целосно женски бенд за турнеи, Sugamama. Неколку месеци пред издавањето на B’Day, таа правеше аудиции низ цела Америка за женски музичари, кои завршија во јуни. Изведувачкиот ансамбл вклучува басисти, тапанари, гитаристи, свирачи на рог, клавијатуристи и свирачи на ударни инструменти. Тие дебитираа во јавноста во 2006 г. на BET Awards и повторно се појавија во видео спотот за “Irreplaceable” и “Green Light”. Бендот ја поддржуваше Ноулс за време на нејзината светска турнеја во 2007 г., The Beyoncé Experience, и покрај тоа, се појавија и во помали шоуа каде што настапуваше Ноулс.

Имиџ[уреди | уреди извор]

Ноулс ја изведува песната „Ave Maria“ за време на нејзината турнеја I Am... Tour во 2009

Ноулс стана секс симбол, позната по своето тело со облини и поздравена е и за нејзиниот избор на облекување. Според неа, “Сакам да се облекувам секси и да се носам како дама”, но таа има изјавено дека начинот на којшто се облекува на сцена е “исклучиво само за на сцена”. Како некој што е склон кон модата, Ноулс ги комбинира уметничките елементи со нејзините музички видеа и изведби. Според италијанскиот моден дизајнер, Роберто Кавали, таа користи различни стилови и се обидува да ги хармонизира со музиката додека настапува. Антологијата B’Day покажа доста примери на снимки ориентирани кон модата, опишувајќи од класични до современи стилови на гардероба. Списанието People ја прогласи Ноулс за најдобро облечената славна личност во 2007 г. Во 2002 г., мајката на Ноулс, издаде книга насловена како “Destiny’s Style: Bootylicious Fashion, Beauty and Lifestyle Secrets From Destiny’s Child”, на сметка на тоа како модата имала влијание врз успехот на Дестинис Чајлд.

Како еден од медиумски најескпонираните артисти во USA, Ноулс често примала критики за кои некои веруваат дека се резултат на расизам и сексизам. Еден нејзин фан истакнува: “Ноулс се портретира себеси повеќе како секс симбол отколку како артист”. Еден новинар од списанието Rolling Stone изјави дека откако е издаден синглот Dangerously In Love, “Бијонсе премина во секс симбол “а ла” Хали Бери...” Нејзиното појавување во списанието Vanity Fair исто така провоцираше шпекулации дека нејзиниот тен е компјутерски променет.

Во 2007 г., Ноулс се појави на насловната на Sports Illustrated Swimsuit Issue, и со тоа стана првата жена која што не е модел или спортист што позирала за списанието, и втората афро-американски модел по Тајра Бенкс. Истата година, Ноулс се појавуваше на билборди и весници низ цела Америка, покажувајќи старомодна табакера. Преземена од задната корица на B’Day, оваа слика провоцираше реакции од анти-пушачки групи, изјавувајќи дека таа немала потреба да ја додаде табакерата “за да направи да изгледа пософистицирано”.

На 24ти април 2009 г., Ноулс се појави на шоуто на Larry King, каде што за себеси даде пополитичка слика, зборувајќи за сè, од пеење до инаугурацијата на Претседателот Барак Обама на 20ти јануари 2009 г., и до расизмот со којшто се соочувала бидејќи е афро-американка. Таа изјави дека Мишел Обама е “толку шик”, и дека нејзината изведба на “At Last” бил најважниот момент од нејзината кариера.

Други потфати[уреди | уреди извор]

House of Deréon[уреди | уреди извор]

Во 2005 г., Ноулс и нејзината мајка ја воведоа House of Deréon (Куќата на Дереон), современа конфекциска женска модна линија. Концептот е инспириран од трите генерации на жени во нивната фамилија, оддавајќи почит со името Deréon на бабата на Ноулс, Agnèz Deréon, која работела како шивачка. Според Тина Ноулс, целокупниот стил на линијата најдобро го рефлектира вкусот и стилот на Ноулс. Лансирани во 2006 г., производите на House of Deréon добија јавни изложби за време на многубројните шоуа и турнеи на групата за време на Destiny Fulfilled. Проданиците, кои се достапни низ цела Америка и Канада, продаваат спортска опрема, платно со крзно, горна облека и додатоци кои вклучуваат женски ташни и чевли. Тие исто така вклучуваат чевли за коишто Ноулс се здружи со House of Brands, локална компанија за чевли. Во 2004 г., Ноулс и нејзината мајка ја основаа семејната компанија, Beyond Productions, која обезбедува лиценцирање и бренд-менаџмент на House of Deréon. На почетокот на 2008 г., тие ја лансираа Beyoncé Fashion Diva, игра за мобилен телефон, со составен дел кој овозможува мрежно поврзување на интернет со House of Deréon.

Организацијата за правата на животните, PETA (People for the Ethical Treatment of Animals), ја критикуваше Ноулс за носењето и употребата на кожа во нејзината конфекциска линија. Организацијата праќаше писма до неа, замолувајќи ја да престане да употребува крзно во нејзината линија на облека. Во еден случај, PETA организираше вечера со неа и нејзините фанови, кои всушност беа премолчени од страна на организацијата. Ноулс беше соочена со претставници на PETA, со кои таа беше испратена надвор, откако влезе Тина Ноулс. Оваа случка предизвика измешани реакции; Ноулс не одговори на проблемите, иако нејзиниот татко остро се спротивставуваше.

Производи и рекламирање[уреди | уреди извор]

Во 2005 г., Ноулс потпиша рекламен договор со Пепси, кој вклучуваше појавување на ТВ реклами, како и радио и интернет реклами. Таа беше вклучена во компанијата како индосант за да помогне да се постигне пошироко демографско покривање. Во 2004 г., во ТВ рекламата на Пепси на темата “Гладијатори” се појавија Ноулс, како и пејачите Бритни Спирс, Пинк и Енрике Иглесиас, а наредната година со Џенифер Лопез и Дејвид Бекам како “Самураи”.

Подрачјето на рекламни договори на Ноулс исто така вклучува и производи за убавина и парфеми. Во 2003 г., таа потпиша со козметичката компанија L’Oréal, со помош на која заработи 1 милион долари. Во 2004 г., таа лансираше и сопствен мирис, наречен True Star, парфем на Tommy Hilfiger. Како дел од нејзините придонеси за производот, Ноулс испеа кавер-верзија на “Wishing On a Star” за рекламите на True Star, за кои заработи 250,000 долари. Во 2005 г., го лансираше True Star Gold на Hilfiger, а во 2007 г. – Diamonds на Emporio Armani. Списанието Forbes изјави дека Бијонсе заработила 80 милиони долари во периодот помеѓу јуни 2007 г., и јуни 2008 г., заедно со нејзиниот албум, турнеја, моден бизнис и рекламни договори. Тоа ја направи втората најплатена музичка личност во светот за овој временски период. Во периодот од јуни 2008 г. до јуни 2009 г., Бијонсе заработи 87 милиони долари според Форбс, сместувајќи ја на четвртото место на листата на Форбс - “Celebrity 100”.

Филантропија[уреди | уреди извор]

Ноулс на отварањето на нејзиниот Козметолошки Центар на 5 март 2010

Ноулс била изложена на на излегувања од јавен карактер уште како дете, како што татко и ја носел понекогаш во заедницата, вклучувајќи го афро-американското општество. Ноулс и Роуланд, заедно со поранешното семејство, ја основале фондацијата “Survivor Foundation”, добротворен објект кој би обезбедил привремено сместување за жртвите од ураганот Катрина од 2005 г., и евакуираните од бурата во Хјустон, Тексас. Оваа фондација ја проширила филантропската мисија на Ноулс-Роуланд Центарот за Млади, повеќенаменска заедница во центарот на Хјустон. Ноулс донираше 100,000 долари за Gulf Coast како потпорен фонд, за доброто на жртвите од ураганот Ике во областа на Хјустон. Таа организира хуманитарно собирање на парични средства за ураганот преку Survivor Foundation.

Во 2005 г., музичкиот продуцент David Foster, неговата ќерка Amy Foster-Gillies, и Ноулс ја напишаа “Stand Up for Love”, која би служела како химна на Светскиот Ден на Детето, настан кој се случува секоја година на 20ти ноември низ целиот свет, за да ја подигне свеста и средствата за потребите на децата од целиот свет. Дестинис Чајлд ги позајмија своите гласови и поддршка како глобални амбасадори за програмата на Светскиот Ден на Детето во 2005 г. Во 2008 г., таа со повеќе артисти ја сними “Just Stand Up!”, хуманитарен сингл за добротворната организација Stand Up to Cancer. Меѓу другите, на Ноулс и се приклучија Мараја Кери, Лиона Луис, Ријана, Лиен Рајмс и Мери Џеј Блајџ.

Ноулс воведе автомобили со храна за време на турнејата The Beyoncé Experience во Хјустон на 14ти јули, Атланта на 20ти јули, Вашингтон Д.Ц. на 9ти август, Торонто на 15ти август, Чикаго на 18ти август и Лос Анџелес на 2ри септември 2006 г. На 4ти октомври 2008 г., Ноулс присуствуваше на концертот Miami Children’s Hospital Diamond Ball & Private Concert, во салата American Airlines Arena во Мајами, каде што беше примена во Меѓународниот Педијатриски Дом на Славните. Ethan Bortnick, седумгодишната музичка сензација, ја изведе “Over the Rainbow” и ја посвети на Ноулс. Откако ја заврши работата во Cadillac Records, Ноулс ја донираше својата цела заработувачка на Phoenix House, организација за центри за рехабилитација низ целата земја. Ноулс го посети и местото кое ќе ја портретира пејачката Etta James, која била зависна од хероин.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

За време на превирањата на Дестинис Чајлд во 2000 г., во декември 2006 г., Ноулс призна дека доживеала депресија од натрупување на напор: публицистичкиот расцеп на LeToya Lucket и LaTavia Roberson, јавното напаѓање од медиумите, критики за причинување на разделбата, како и тоа што ја оставило долгогодишното момче (со кое била од 12та до 19та годишна возраст).

Депресијата била толку сериозна што траела неколку години, додека таа не излегувала од спалната соба со денови и одбивала да јаде. Ноулс изјави дека одбивала да зборува за депресијата затоа што Дестинис Чајлд само што ја добија нивната прва Греми Награда, и таа се плашела дека никој нема да и поверува. Сите овие настани направиле таа да се запраша која е и кои се нејзините пријатели, опишувајќи ја ситуацијата, таа изјави: “Откако станав славна, се плашев дека никогаш повторно нема да најдам некој да ме сака за тоа што сум. Се плашев од создавање нови пријателства.” Таа се сеќава на нејзината мајка, Тина Ноулс, која за да ја извлече од депресијата и рекла: “Зошто мислиш дека некој не би те сакал? Дали знаеш колку си паметна и слатка и прекрасна?”.

Од 2002 г., Ноулс е во врска со раперот Џеј Зи, со кој има соработувано неколкупати. Гласините почнаа да кружат за нивната врска откако Ноулс се појави во “03 Bonnie&Clyde”. И покрај постојаните гласини за нивната врска, тие останаа дискретни во врска со неа. Во 2005 г., почнаа да се шират гласини за бракот на двојката. Ноулс ги прекина шпекулациите изјавувајќи дека таа и Џеј Зи не се ни верени. Кога повторно беа прашани за оваа тема во септември 2007 г., Џеј Зи изјави, “Некој ден набрзо-да оставиме на тоа”. Laura Schreffler, постар новинар за списанието “OK!”, изјави: “Тие се крајно приватни луѓе.”

На 4ти април 2008 г., Ноулс и Џеј Зи се венчаа во Њујорк. Тоа стана тема достапна на јавноста на 22ри април 2008 г., но Ноулс не го покажа јавно венчалниот прстен сè до концертот Fashion Rocks на 5ти септември 2008 г., во Њујорк. Таа конечно јавно проговори за нејзиниот брак за време на промоцијата на монтажното видео за I am…Sasha Fierce во клубот Manhattan’s Sony Club.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Видеографија[уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
I Got That 2000 Дарен Грант,Џеј Зи
Work It Out 2002 Метју Ролстон
Bonnie And Clyde 2002 Крис Робинсон
Crazy In Love 2003 Џејк Нава
Fighting Temptation 2003 Анти Јокинен
Baby Boy 2003 Џејк Нава
Me, Myself and I 2003 Јохан Ренк
Naughty Girl 2004 Џејк Нава
Check on It 2005 Хјуп Вилијамс
Déjà Vu 2006 Софи Мулер
Ring the Alarm 2006 Софи Мулер
Irreplaceable 2006 Ентони Мандлер
Listen 2006 Дајан Мартел
Beautiful Liar 2007 Џејк Нава
Upgrade U 2007 Мелина Мацукас
Kitty Kat 2007 Мелина Мацукас
Green Light 2007 Мелина Мацукас
Flaws and All 2007 Бијонсе,Клиф Ватс
Get Me Bodied 2007 Ентони Мандлер
Freakum Dress 2007 Реј Кеј
Suga Mama 2007 Мелина Мацукас
If I Were a Boy 2008 Џејк Нава
Single Ladies 2008 Џејк Нава
Diva 2008 Мелина Мацукас
Halo 2008 Филип Анделман
Ego 2009 Бијонсе,Френк Гатсон
Broken-Hearted Girl 2009 Софи Мулер
Sweet Dreams 2009 Адриа Пети
Video Phone 2009 Хјуп Вилијамс
Telephone 2010 Џонас Акерлунд
Why Don't You Love Me 2010 Бијонсе, Мелина Мацукас
Run the World (Girls) 2011 Френсис Лавренс
Best Thing I Never Had 2011 Дајан Мартел
1+1 2011 Бијонсе,Лоран Брит,Ед Бурк
Countdown 2011 Бијонсе,Адриа Пети
Love on Top 2011 Бијонсе,Ед Бурк
Party 2011 Бијонсе,Алан Фергусон
Dance for You 2011 Бијонсе,Алан Фергусон
Pretty Hurts 2013 Мелина Мацукас
Ghost 2013 Пјер Дебушер
Haunted 2013 Џонас Акерлунд
Drunk In Love 2013 Хјуп Вилијамс
Blow 2013 Хјуп Вилијамс
No Angel 2013
Yoncé 2013 Рики Саиз
Partition 2013 Џејк Нава
Jealous 2013 Бијонсе,Франческо Карозини,Тод Турзо
Rocket 2013 Бијонсе,Ед Бурк,Бил Кирстин
Mine 2013 Пјер Дебушер
XO 2013 Тери Ричардсон
Flawless 2013 Џејк Нава
Superpower 2013 Џонас Акерлунд
Heaven 2013 Бијонсе,Тод Турзо
Blue 2013 Бијонсе,Ед Бурк,Бил Кирстин
Grown Woman 2013 Џејк Нава
Say Yes 2014 Метју А.Шери
Feeling Myself 2015 Тод Турзо
Hymn for the Weekend 2016 Бен Мор
Formation 2016 Мелина Мацукас
Sorry 2016 Бијонсе, Кахлил Џозеф
Hold Up 2016 Бијонсе, Кахлил Џозеф
All Night 2016 Мелина Мацукас
Sandcastles 2016 Марк Романек
Love Drought 2016 Кахлил Џозеф
Apes**t 2018 Рики Саиз
Spirit 2019 Џејк Нава
Already 2020 Бијонсе
Brown Skin Girl 2020
Water 2020
My Power 2020
Brown Skin Girl 2020
Otherside 2020
Find Your Way 2020
Mood 4 Eva 2020

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улоги Други белешки
2001 Кармен, Хип Хупера Кармен главна улога, ТВ филм
2002 Austin Powers in Goldmember Foxxy Cleopatra главна улога
2003 The Fighting Temptations Лили главна улога
2004 Fade to Black Самата Документарен филм на Џеј Зи
2006 The Pink Panther Ксанија споредна улога
2006 Dreamgirls Дина Џоунс главна улога
2008 Cadillac Records Ета Џејмс споредна улога
2009 Obsessed Шарон Чарлс главна улога

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Adams, Guy (2010-02-06). „Beyoncé: Born to be a star“. The Independent. UK. Посетено на 2011-01-09.
  2. Ла Горс, Тами (31 јануари 2010)."Beyoncé's Golden Record". Grammy.com. Retrieved 1 февруари 2010.
  3. Сизаријо, Бен (1 февруари 2010). "At Hot Contest, Cool Beyoncé Is a Dynamo but Never a Diva". The New York Times. Retrieved 2010-02-01.
  4. Dorothy Pomerantz and Lacey Rose (June 28, 2010). „The Celebrity 100: 2 Beyonce Knowles“. Forbes. Посетено на June 29, 2010.
  5. Dorothy Pomerantz and Lacey Rose (June 28, 2010). „The World's Most Powerful Celebrities“. Forbes. Посетено на June 29, 2010.
  6. „Celebrity 100: Musicians“. Forbes. June 29, 2010. Посетено на June 29, 2010.
  7. Shriver, Jerry (February 1, 2010). "One fierce night for Beyonce, Swift and Gaga at the Grammys". USA Today. Retrieved August 13, 2010
  8. — "Beyonce-- Grammy History". Grammy.com. Retrieved March 8, 2011
  9. Trust, Gary (May 28, 2010). "Ask Billboard: Beyonce Vs. Gaga Vs. Rihanna". Billboard. Retrieved August 13, 2010
  10. „Artists Of The Decade Music Chart“. Billboard. Посетено на February 8, 2011.
  11. „Top 100 Music Hits, Top 100 Music Charts, Top 100 Songs & The Hot 100“. Billboard. December 31, 2009. Архивирано од изворникот на July 20, 2012. Посетено на June 6, 2010.
  12. Pedersen, Erik (February 17, 2010). "Beyoncé Tops Decade's RIAA Sales". The Hollywood Reporter. Lori Burgess. Retrieved 2010-02-18.
  13. Lamy, Johnathan, Cara Duckworth and Liz Kennedy. (February 17, 2010). "RIAA Tallies the Decade's Top Gold and Platinum award Winners". Recording Industry Association of America. Retrieved 2010-02-18.
  14. „The 50 people who matter today: 41–50“. New Statesman. UK. September 24, 2009. Посетено на February 7, 2011.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 „Beyoncé Knowles' Biography“. Fox News. 2008-04-15. Посетено на 2008-06-05.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 16,6 Beyoncé: All New. 
  17. 17,0 17,1 Biography Today. Detroit, Michigan: Omnigraphics. 2010. стр. 10. ISBN 978-0-7808-1058-7. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Biography Today“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  18. „Beyoncé Knowles: Biography – Part 1“. People (magazine). Посетено на 2008-04-01.
  19. Gillings, Andrew (2001-04-21). „Destiny's Child: Soul-Survivors“. Essence. Посетено на 2009-02-25.
  20. Maughan, Jennifer. „Beyonce Knowles Childhood“. Life123. Посетено на 2011-01-09.
  21. „Famous Alumni – Elsik High School“. ElsikAlumni.com. Посетено на 2008-04-17.
  22. „Cameo: Fat Joe Interviews Beyoncé and Mike Epps“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2008-02-24. Посетено на 2008-04-28.
  23. 23,0 23,1 Kaufman, Gil (2005-06-13). „Destiny's Child's Long Road To Fame (The Song Isn't Called "Survivor" For Nothing)“. MTV News. Посетено на 2008-04-01.
  24. Farley, Christopher John (2001-01-15). „Call Of The Child“. TIME magazine. Посетено на 2008-04-12.
  25. Reynolds, J.R. (1998-03-03). „All Grown Up“. Yahoo! Music. Посетено на 2007-01-12.
  26. Tyrangiel, Josh (2003-06-13). „Destiny's Adult“. Time. Посетено на 2008-04-12.
  27. „Driven“. VH1. Посетено на April 16, 2008.
  28. Gardner, Elysa (2010-01-28). „Beyonce is poised to take a well-deserved break in 2010“. USA Today. Посетено на 2010-06-16.
  29. „How Gradual Success Helped Beyoncé“. CBS News. 2010-01-31. Посетено на 2010-04-07.
  30. Trust, Gary (2010-03-15). „Lady Gaga, Beyoncé Match Mariah's Record“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Посетено на 2010-03-18.
  31. „2010 Grammy Award Nominations“. USA Today. Посетено на 2010-12-02.
  32. Weiner, David (2010-11-18). „ET Exclusive: Beyonce Strives to Create 'Own Genre of Music'. Entertainment Weekly. CBS Studios Inc. Посетено на 2011-01-09.
  33. 33,0 33,1 Vena, Jocelyn (2010-11-23). „Beyonce Inspired by Michael Jackson, Lauryn Hill for New Album“. MTV News. Посетено на 2010-11-24.
  34. „Beyonce Already Working on New Album?“. Rap-Up. 2010-05-04. Посетено на 2011-01-09.
  35. Vena, Jocelyn (2010-09-22). „Beyonce Has An 'Agenda' For New Album, Ne-Yo Says“. MTV News. Посетено на 2011-01-09.
  36. James, Amber (2010-09-17). „Beyonce Working on 'Biggest Album Ever'. Pop Eater. Посетено на 2011-01-09.
  37. Montgomery, James (2011-01-12). „Beyonce Working With Kanye West Producer S1“. MTV News. Посетено на 2011-01-13.
  38. „Beyonce Calls on M.I.A. Hitmaker Diplo for New album“. Rap-Up. 2011-01-24. Посетено на 2011-01-25.
  39. „Beyonce Dives Into Studio with Frank Ocean“. Rap-Up. 2011-03-12. Посетено на 2011-03-13.
  40. Columbia Records (18 мај 2011). "Beyonce's New Album "4" To Be Released on Tuesday, June 28". Соопштение за печат.
  41. „Beyonce Drops Official Version Of 'Run The World (Girls)'. MTV. April 21, 2011. Посетено на April 21, 2011.
  42. Warner, Kara (2011-01-20). „Beyonce To Star In Clint Eastwood's 'A Star Is Born' Remake“. MTV News. Посетено на 2011-01-21.
  43. „Beyonce to Headline Glastonbury Festival – NEW YORK, Feb. 10, 2011“. PR Newswire. PR Newswire Association LLC. 2011-02-10. Посетено на 2011-02-12.
  44. „BBC News - Beyonce to play Oxegen festival at Punchestown“. BBC News. May 5, 2011. Посетено на May 5, 2011.
  45. Knopper, Steve (2011-02-25). „Industry Lashes out at Mariah Carey, Beyonce and Others Who Played For Qaddafis Fammily“. Rolling Stones. Архивирано од изворникот на 2011-03-05. Посетено на 2011-03-05.
  46. Kaufman, Gil (2011-03-03). „Beyonce Donated Gadhafi Money To Haiti Relief Last Year“. MTV News. Посетено на 2011-03-05.
  47. „Beyonce Cuts Management Ties with Father“. Rap-Up. 2011-03-28. Посетено на 2011-03-29.

Нарворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: