Прејди на содржината

Boyz II Men

Од Википедија — слободната енциклопедија
Boyz II Men
Boyz II Men на настап во 2011 година
Животописни податоци
Познат(а) и какоUnique Attraction
ПотеклоФиладелфија, САД
Жанрови
Период на активност1985–денес[1]
Издавачи

Boyz II Men (транскрипција: Бојс ту мен) ― американска вокална група од Филаделфија, препознатлива по емотивните балади и а-капела хармонијата во нивните песни. Групата била основана во 1985 година, а во неа членуваат: баритонот Нејтан Морис и тенорите Вања Морис и Шон Стокман. Во текот на 1990-тите, Boyz II Men биле квартет со бас-пејачот Мајкл Мекари, кој во 2003 година ја напуштил групата поради здравствени проблеми и подоцна му била дијагностицирана мултипла склероза.[2]

Во 1991 година, по објавувањето на нивните синглови „Motownphilly“ и „It's So Hard to Say Goodbye to Yesterday“,групата ги забележала првите успеси; двата сингла се пласирале во топ-5 на Billboard Hot 100. Нивниот сингл од 1992 година, „End of the Road“[3] се искачил на врвот на топ-листата и поставил тогашен рекорд со поминати 13 недели на оваа позиција. Boyz II Men двапати го соборувале овој рекорд со сингловите „I'll Make Love to You“ и „One Sweet Day“ (со Мараја Кери), кои биле на прво место на топ-листата 14 и 16 недели, соодветно. Откако „On Bended Knee“ ја истиснал од прво место песната „I'll Make Love to You“, Boyz II Men станале трети музичари, по Битлси и Елвис Присли, кои успеале една своја песна да ја заменат со друга на врвот на Billboard Hot 100.[4] Поради овие успеси, списанието Билборд од 1987 до 2012 година ги ставало Boyz II Men на прво место на нивниот список од „Најдобри машки групи“.[5]

По заминувањето на Мекари, Boyz II Men продолжиле да настапуваат како трио. Нивниот најнов студиски албум, Under the Streetlight, бил објавен во 2017 година.[6] Boyz II Men освоиле четири Греми награди.

Членови[уреди | уреди извор]

Сегашни членови[уреди | уреди извор]

  • Нејтан Морис (1985-денес)
  • Вања Морис (1987-денес)
  • Шон Стокман (1988-денес)

Поранешни членови[уреди | уреди извор]

  • Мајкл Мекари (1988-2003)
  • Марк Нелсон (1985-1990)
  • Џорџ Балди (1985-1988)
  • Џон Шотс (1985-1988)
  • Маргерит Вокер (1985-1988)

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми
  • Cooleyhighharmony (1991)
  • Christmas Interpretations (1993)
  • II (1994)
  • Evolution (1997)
  • Nathan Michael Shawn Wanya (2000)
  • Full Circle (2002)
  • Throwback, Vol. 1 (2004)
  • The Remedy (2006)
  • Motown: A Journey Through Hitsville USA (2007)
  • Love (2009)
  • Covered: Winter (2010)
  • Twenty (2011)
  • Collide (2014)
  • Under the Streetlight (2017)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kenneth Partridge (2016-02-15). „Boyz II Men's 'Cooleyhighharmony' at 25: Classic Track-by-Track Album Review“. Billboard. Посетено на 2019-10-24.
  2. „Boyz II Men Dishes On Mike, Their Estranged Fourth Member“. The Huffington Post. Посетено на 2014-10-30.
  3. Billboard. „(Boyz II Men > Charts & Awards > Billboard Singles)“. AllMusic. Посетено на 2010-05-16.
  4. Празен навод (help)
  5. Празен навод (help)
  6. „Boyz II Men Release New Album UNDER THE STREETLIGHT Available October 20, 2017“. Архивирано од изворникот на 2017-10-10. Посетено на 2021-04-21.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]