Сашо Пижевски - Пиже
Сашо Пижевски - Пиже | ||
Роден | 11 август 1964 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 17 мај 2022 Скопје, Македонија |
Сашо Пижевски - Пиже (11 август 1964, Скопје - 17 мај 2022, Скопје) — познат скопски шоумен, пејач и угостител. Роден во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што живееше до смртта. Тој бил еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 1980-тите.[се бара извор]
Заедно со Горан Атанасов - Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 1990-ти, позната по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се и др. По нејзиното распаѓање, се посветил на својот бизнис - угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.
Пижевски беше исто така менаџер, директор, ко-сопственик и сопственик на повеќе кафулиња, ресторани, ноќни клубови и дискотеки. Меѓу позначајните се Хавана клуб во Градскиот парк, дискотеката Парк во Градскиот стадион, како и француската пекарница Boulangerie francaise во Градскиот трговски центар.
Во последно време беше актуелен со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, плод на соработката со Александар Митевски и како сопственик на привлечниот кафе-бар Мајка ти и татко ти.
Сашо Пижевски починал ненадејно во Скопје на 17 мај 2022 година.[1]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно местото на групата Хавана клуб Архивирано на 1 април 2011 г.
- Хавана Бенд во Македонска Музичка Мрежа[мртва врска]
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ Т., П.. „Почина скопскиот урбан лик Сашо Пижевски – Пиже“. Слободен Печат. 18 мај 2022.