Прејди на содржината

Кузман Смилевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
'
Роден 22 август 1924
Тресонче, Дебарско
Националност Македонец
Занимање учесник во НОБ, првобригадирец, вицеадмирал и контраадмирал

Кузман Смилевски - Брадина (22 август 1924 во Тресонче, Дебарско — ?) — учесник во НОБ, првобригадирец, вицеадмирал и контраадмирал на Југословеската Народна Армија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Смилевски е роден во дебарското село Тресонче на 22 август 1924 година. Пред Втората светска војна бил ученик. Од 1944 година се вклучил во НОВМ и станал член на КПЈ. Во војната бил политички комесар на чета и на баталјон, а потоа помошник на политички комесар на осмата македонска ударна бригада[1] Ја вршел должноста началник на одделение во армијата и во ССНО, началник на катедра во ВМ и во ВВА. Завршил Виша воена поморска академија на ЈНА. Во 1973 година се пензионирал.[2]

  1. „Вестник Офицер, бр. 6, 2011, стр. 7“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-11-29. Посетено на 2012-09-27.
  2. Vojni leksikon, Beograd, 1981