Реј Бредбери
Реј Даглас Бредбери (англ. Ray Bradbury, 22 август 1920 – 5 јуни 2012) бил американски писател на научна фантастика.
Живот[уреди | уреди извор]
Роден е на 22 август 1920 во Вавкеган, Илиноис, САД. Во раните години неговата фамилија доста често се селела, за во 1934 да започнат константно да живеат во Лос Анџелес. Во својата фамилија, Реј, имал голем број на издавачи на книги, па не изненадува тоа што самиот бил писател, а и голем читател. По средното образование, не се решава за одење на колеџ, и започнува да се издржува со продавање на дневни весници. Образованието го продолжва во библиотеката, каде се заљубува во научно фантастичните дела и ликови, како Флеш Гордон и Бак Роџерс. Наскоро започнува да ги објавува и своите СФ раскази по списанија во раните 1940-ти. Неговата прва книга, збирката „Темен карневал“, ја објавува во 1947.
Работел и на сценарија за филмови. Тоа се „Моби Дик“ (1956), режиран од Џон Хустон, и „Кралот на кралевите“ (1961), режиран од Николас Реј. Бредбери има пишувано и за првата „Зона на самракот“ (1959).
Покрај веќе наведените дела, Бредбери има напишано и голем број на есеи и ракази. Пишувал и мјузикли, десетина романи и новели, збирки раскази, па и поезија. Можеби најпознато дело му е „Фаренхајт 451 – температурата на која хартијата гори“, издадено во 1953 година, кое денеска претставува класика за американската книжевност.
Бредбери бил и идеен консултант за павилионот на САД на Светската изложба во Њујорк во 1963, а помагал и при создавањето и планирањето на туристичките патеки низ Дизниленд како консултант за урбано градежништво и брз транспорт.
И покрај тоа што често бил етикетиран како неучнофантастичен писател, лично сметал дека од неговите дела само „Фаренхајт 451“ е научна фантастика, заснована на стварноста. За поголемиот број од останатите дела сметал дека се фантазија.
Дела[уреди | уреди извор]
Новели[уреди | уреди извор]
- (1953) „Фаренхајт 451“
- (1957) „Вино од глуварчиња“
- (1962) „Нешто чудно не привлекува“
- (1972) „Дрвото на Вештерската ноќ“
- (1985) „Смртта е осамен бизнис“
- (1990) „Гробишта за лудаци“
- (1992) „Зелени сенки, бел кит“
- (1998) „Ахмед и заборавените машини“
- (2001) „Од прашина вратени“
- (2003) „Ајде сите да ја убиеме Констанс“
- (2003) „Дојдено од вселената“
Збирки раскази[уреди | уреди извор]
- (1947) „Темниот карневал“
- (1950) „Марсовски хроники“
- (1951) „Илустрираниот човек“
- (1953) „Златните јаболка на сонцето“
- (1955) „Октомвриска земја“ (дополнето и прошитено издание на „Темниот карневал“)
- (1959) „Лекарство за меланхолија“
- (1960) „Р за ракета“
- (1969) „Ја пејам Електричното тело!“
- (1970) „В за вселена“
- (1980) „Приказни за Реј Брадбери
- (1988) „Тојнбискиот конвектор“
- (1996) „Побрзо од окото“
- (1998) „Возејќи на слепо“
- (2002) „Уште едено за по пат“
- (2003) „100 најпознати приказни“
- (2004) „Мачкините пиџами: приказни“
Покрај овие колекции многу раскази се издадени како Best of колекции.
Поезија[уреди | уреди извор]
- (1975) „Кога последните слонови процветаа во предворјето“
- (1977) „Кога роботските глувци и роботските луѓе трчаат низ роботски градови“
Друго[уреди | уреди извор]
- (1992) „Зен во уметноста на пишувањето“
Занимливости[уреди | уреди извор]
- Една општо позната иронија е дека Бредбери, и покрај пишувањето за вселенски бродови и патувања, никогаш не возел автомобил. Тој ова го препишува на ужасна сообраќајна несреќа што ја имал видено во детството.
- Не се возел ниту во авион до својата 63 година.
Почести и награди[уреди | уреди извор]
За својте придонеси во филмската индустрија, Реј Бредбери има ѕвезда на познатиот Холивудски булевар.
Еден астероид е именуван во негова чест - (9766) Bradbury.А истот така и еден кратер на месечината е именуван по негова новела - "Dandelion Crater".
Ја има добиено „Светската награда за фантазија“, за своите достигнувања, Стокеровата. Пулицеровата награда и други.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Реј Бредбери - официјална страна (англиски)
- Реј Бредбери, „Лек против меланхолија“, Скопје, 1994.