Црква „Св. Димитриј“ - Долна Чарлија
Свети Димитриј | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Битолско |
| Парохија | Беранечка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°08′28.3″N 21°26′08.8″E / 41.141194°N 21.435778°E |
| Место | Долна Чарлија |
| Општина | Могила |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Димитрија Солунски |
| Завршено | 1895 |
| Архитектонски опис | |
Свети Димитриј — главна селска црква во селото Долна Чарлија.[1] Црквата се наоѓа во крајниот западен дел од селото, во правец кон Црна Река.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена на стари темели во 1895 година.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа со украсена полукружна апсида на источната страна. Кон јужната и западната страна на црквата е доградена припрата. Главниот влез на црквата е сместен на западната страна, а црквата има и спореден влез на јужната страна. Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со метална ограда, а во него се сместени камбанаријата, селските гробишта, базен за верски обреди, како и помошни објекти. Камбанаријата е сместена покрај оградата од дворот на црквата. Таа има квадратна основа и во горниот дел на секоја од страните има по еден правоаголен прозорец. Влезот во камбанаријата е сместен на источната страна.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Главниот влез
- Споредниот влез
- Припратата
- Апсидата
- Камбанаријата
- Влезот на камбанаријата
- Базенот за верски обреди
- Помошните објекти
- Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 15. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Долна Чарлија Архивирано на 29 ноември 2021 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Димитриј“ - Долна Чарлија на Ризницата ?


