Црква „Св. Димитриј“ - Смолани

Координати: 41°20′11.8″N 21°46′34″E / 41.336611° СГШ; 21.77611° ИГД / 41.336611; 21.77611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Велокомаченик Димитриј
македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Плетварско-беловодичка
Местоположба

Карта

Координати 41°20′11.8″N 21°46′34″E / 41.336611° СГШ; 21.77611° ИГД / 41.336611; 21.77611
Место Смолани
Општина Прилеп
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Димитрија Солунски
Изградба 1905 - 1909
Осветување 1972
Архитектонски опис

Св. Великомаченик Димитриј (Св. Димитриј Солунски) — црква во прилепското село Смолани. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото. Почнала да се гради во 1905 година, но по осветувањето на камен-темелникот, градежните работи биле запрени од властите. Изградбата продолжила по Младотурската револуција во 1908 г. и храмот е завршен следната 1909 година.

Благодарение на иницијативниот комитет, каде членувале Никола Насевски, Методија Илиевски, Методија Спирковски, Томе Трајковски, Ило Велкоски и Спасе Конески, храмот е осветен на 21 мај 1972 година од архиепископот Доситеј II Охридски и Македонски во сослужение со митрополитот Кирил Американско-канадски и свештеници од Прилепското архијерејско намесништво.[1]

Пред влезот на црквата се чува наод од римска населба на подрачјето на селото — основа од мермер со едноставно профилиран венец во горниот дел.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Црква „Свети Димитриј", село Смолани“. Old Prilep. Посетено на 26 декември 2021.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 313. ISBN 9989-649-28-6.