Прејди на содржината

Чингова окатка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чингова окатка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Пеперуги
Семејство: Шаренци
Род: Лажни хазарки
Вид: Чингова окатка
Научен назив
Pseudochazara cingovskii
(Gross, 1973)

Чингова окатка (науч. Pseudochazara cingovskii) или македонска сивкаендемска пеперутка на Македонија што живее само на Плетвар, Прилепско, на површина не поголема од 1,5 км2 и на ниедно друго место во светот. Припаѓа на родот лажни хазарки (Pseudochazara).

Чингова окатка

Овие пеперутки се светлосиво обоени со што успешно се прикриваат од грабливците на исто така сивите камења и е одличен пример за камуфлажа.

Пределот кој го населува е сув, со каменита, варовничка подлога, која е прекриена со ретка вегетација, на надморска височина од 1000 до 1200 м.

Pseudochazara cingovskii

Како возрасна единка, пеперутка, лета од крајот на јули и почеток на август кога и се размножува и полага јајца, но сѐ уште не е потврдено во која форма ја минува зимата.

Главна закана за опстанокот на оваа пеперутка е каменоломот кој се наоѓа блиску до нејзиното живеалиште. Потврда за ова е тоа што постојат податоци дека големината на популацијата во изминативе години е намалена за 30%, односно брои не повеќе од 10 000 единки.

Оваа пеперутка го добила латинското име по македонскиот ентомолог Јонче Чинговски.

  1. Pseudochazara cingovskii. IUCN Red List. Version 2010.4. International Union for Conservation of Nature. 2009. Посетено на 23 март 2011.