Црква „Св. Никола“ - Топлица
Свети Никола | |
Фреска од црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Преспанско-пелагониска |
| Архијерејско намесништво | Прилепско |
| Парохија | Плетварско-беловодичка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°24′4.7″N 21°44′29.1″E / 41.401306°N 21.741417°E |
| Место | Топлица |
| Општина | Прилеп |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Завршено | 1860 |
| Живопис | 1860 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабен |
| Стил | преродбенички |
Св. Никола — црква во прилепското село Топлица, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е подигната и живописана во 1860 година. Има убав иконостас од времето на преродбата. Живописци се Ангелко и Велјан Андонови од Папрадиште. Претставува трикорабна градба со полукружна апсида на источната страна. Црквата е обновена во 1892 година, кога на западната страна е дограден трем.[1]
Антички сполии
[уреди | уреди извор]Во црквата има наоди од римско време. Во олтарот на црквата како чесна трпеза служи мермерна ара (олтар) која на челната страна има три бисти и коњаник претставени во плиток релјеф. Во припратата како основа на столб е поставена надгробна стела од бел мермер со едикула во која има 4 фигури обработени исто така во плиток релјеф. Покрај нив има фрагмент од уште една стела на која во едикулата оддесно налево се гледаат две фигури без глави, во стоечка положба, и трета зачувана во долниот дел. Под фигурите има поле со старогрчки натпис во 5 реда.[2]
- Христос Седржител
- Икона на Свети Харалампиј од иконостасот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Црква „Свети Никола", село Топлица“. Old Prilep. Посетено на 1 јануари 2022.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 314. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Никола“ - Топлица на Ризницата ?


