Ана Малешевска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ана Малешевска
Родена 1871
Дупница, Бугарија
Починала 1942(1942-00-00) (возр. 70–71)
Бугарија
Занимање учителка
Сопружник Крсто Асенов, кукушки окружен војвода
Татко Никола Малешевски, пунктов началник на ТМОРО во Дупница


Ана Малешевска ( 1871 во Дупница1942) — македонска учителка, учесничка во Илинденското востание и деец на ВМРО.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Учителка, учесничка во Илинденското востание, ќерка на Никола Малешевски, пунктов началник на ТМОРО во Дупница. Гимназија завршила во Солун. Учителствувала во Кукуш, каде што се вклучила во ТМОРО. Влегла во четата на кукушкиот окружен војвода Крсто Асенов (во пролетта 1903 г.). На Илинден (1903), при осветувањето на востаничкото знаме, се венчала со Крсто Асенов во црквата во село Корничор. Поради тоа војводата Асенов бил убиен од негов четник. По овој драматичен настан Ана заминала од четата и се посветила на учителската дејност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Малешевска“. Македонска енциклопедија , книга II (М-Ш): стр. 904. (2009). Скопје: МАНУ.