Јордан Ковилоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Јордан Ковилоски (1884-1979), деец на ВМОРО, учесник во Балканските и Првата светска војна.

Биографија[уреди | уреди извор]

Јордан Ковилоски е роден во селото Вранче, Прилепско.[1] Починал во истото село на 95-годишна возраст. Во редовите на Македонската револуционерна организација се вклучил по Илинденското востание. За време на Балканските и Првата светска војна најпрво бил мобилизиран од српската, а потоа од бугарската војска. За време на битката на Кајмакчалан бил тешко ранет по што бил демобилизиран.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ковилоски, Славчо (2011). Ракописи од село Вранче, Прилепско (евидентирање на делата). Скопје: Академски печат. стр. 5. ISBN 978-608-231-034-3. 
  2. Ангелески, Златко (април 2017 г). Ропотовска парохија (прв дел). „Вистина: гласник на Преспанско-Пелагониската епархија“ том  93: 27.