Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Крапа

Координати: 41°33′07.23″N 21°18′44.92″E / 41.5520083° СГШ; 21.3124778° ИГД / 41.5520083; 21.3124778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица

Поглед на манастирската црква

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Ропотовска
Местоположба

Карта

Координати 41°33′07.23″N 21°18′44.92″E / 41.5520083° СГШ; 21.3124778° ИГД / 41.5520083; 21.3124778
Место Крапа
Општина Македонски Брод
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1960
Осветување 1960
24 јули 1977
Архитектонски опис

Успение на Пресвета Богородица — главна манастирска црква на новиот Крапски манастир во поречкото село Крапа.[1][2]

Црквата е сместена на едно благо возвишување, од каде се пружа поглед на целото село. Самиот манастир, како и црквата, преовладуваат со својата бела боја во селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена на место каде некогаш се наоѓала стара црквичка. Во 1960 година била осветена со т.н. мало осветување, додека на 24 јули 1977 година била осветена од страна на тивериополскиот епископ во својство на администратор на Преспанско-битолската епархија.[3]

Била подигната благодарение на црковниот одбор во селото, предводен од селанецот Василко Петревски.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. „Ропотовска парохија“. Преспанско-пелагониска епархија. Посетено на 22 октомври 2017.
  3. 3,0 3,1 „Црква „Успение на Пресвета Богородица", село Крапа“. oldprilep.com. Архивирано од изворникот на 2014-03-09. Посетено на 22 октомври 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]