Лапарница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лапарница
Лапарник
(Орле)
Лапарница (пештера) 08.jpg
Поглед кон отворот на пештерата од внатрешноста
МестоБелица, Порече, Македонија Македонија
Должина107,8 m

Лапарница (или Лапарник, некаде и погрешно именувана како Орле) е пештера која се наоѓа во областа Поречје, во близина на селото Белица.

Одлики[уреди | уреди извор]

Должината на пештерата изнесува 88 м, a вкупната должина, заедно со сите споредни канали, достигнува 107,8 м. По целата нејзина должина и по страничните канали присутни се пештерски украси, претставени со: сталактити, сталагмити, драперии, травертински басенчиња исполнети со вода и др. Според категоризацијата на пештерите во Македонија, оваа пештера спаѓа во групата на забележителни пештери.[1]

Лилјаците од Лапарник[уреди | уреди извор]

Голема колонија на лилјаци на таваница на една од салите во Лапарница

Во пештерата Лапарник лилјаците се среќаваат во текот на целата година. Пештерата е особено значајна поради присуството на голема колонија од видот јужен потковичар (Rhinolophus euriale) кои ја користат за презимување, размножување и засолниште. Исто така се среќаваат и мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) и долгокрилест лилјак (Miniopterus schreibersii).[2]

Спелеолошки парк[уреди | уреди извор]

До Министерството за екологија од страна на спелеолошкото друштво „Пеони“ било поднесено барање местото Белица да биде прогласено за спелеолошки парк. Барањето се однесувало на три пештери од овој реон и тоа: Голубарница, Лапарница и Момичек, кои треба да бидат заштитени со законот за природни реткости и убавини.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Колчаковски, Драган (1993) (на македонски). Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија. 1 (1 издание). Скопје: Институт за географија,ПМФ. 
  2. „Лилјаците од Белица“ (македонски). Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ). конс. 2011-10-02.