Црква (Долни Манастирец)
Изглед
„Црква“
| |
Местоположба | 41°37′36″N 21°12′38″E / 41.62667° СГШ; 21.21056° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долни Манастирец |
Општина | Македонски Брод |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Црква — археолошко наоѓалиште во поречкото село Долни Манастирец. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во непосредната близина на училиштето, десно од патот што води кон селото Тополница, каде што се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“. На мал простор по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Откриени се темели од стари објекти и неколку питоси. Некрополата е откриена во дворот на училиштето, а гробовите биле градени од големи имбрекси. Според жителите, биле наоѓани и монети.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Долни Манастирец
- Археолошки наоѓалишта во Општина Македонски Брод
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Поречко