Прејди на содржината

Пешна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пешна
Поглед на влезот од пештерата
Пешна на карта

Карта

МестоМакедонски Брод, Македонија Македонија
Координати41°32′38″N 21°14′59″E / 41.54389°N 21.24972°E / 41.54389; 21.24972
Тешкотијарелативно тешка
Пристап1
Поглед од внатрешноста.

Пешнапештера во Порече, прогласена за споменик на културата.[1]

Пештерата Пешна се наоѓа на 6 км од Македонски Брод. Според спелеолозите, Пешна е пештера со најголем отвор на Балканот - висината на отворот изнесува 40 метри, а широчината 56 метри. Должината на пештерата е 124 метри. Во пештерата се гнездат ластовици, а во неа живеат и лилјаци. За убавината на пештерата зборува тоа што „Њујорк тајмс“ ја споредил со „Helms Deep“ од „Господарот на прстените“.[2]

Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток, кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. Според месното население, водата понира од селото Крапа, кое се наоѓа на повисока надморска височина,[2] а која формира неколку езерца и водопади во „најголемиот пештерски систем кај нас“, за кој се претпоставува дека е долг дури десет километри.

На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина и остатоци од воденица. Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Пешна е регистрирана како наоѓалиште од доцноантичкиот период во Македонија. Пред влезот на самата пештера е откриена античка гробница со свод од тули од V век.[3][4]

  1. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот на 9 август 2021. Посетено на 19 мај 2022.
  2. 1 2 Александар Матески, „Девини кули и Пешна“, Економија и бизнис, год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 136-137.
  3. Macedoniae acta archaeologica, Volumes 7-9, Археолошко друштво на СР Македонија, 1981, стр. 147.
  4. Жива антика: Antiquité Vivante, томови 32-33; Univerzitet vo Skopje. Друштво за антички студии на СРМ, 1982, стр. 105.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

41°32′38″N 21°14′59″E / 41.54389°N 21.24972°E / 41.54389; 21.24972