Низ историјата на Првата лига, бројот на клубови претежно се намалувал. Подоле е список на број на клубови низ сите сезони;
18 екипи = 1992–1993
16 екипи = 1993–1995
15 екипи = 1995–1996
14 екипи = 1996–2001
12 екипи = 2001–2014
10 екипи = 2014–2020
12 екипи = 2020–2021
Лигата брои дванаесет клуба, кои играат по три меѓусебни натпревари во текот на 33 кола.[1]
Според УЕФА коефициентите за ранкинг (подоле покажано); Победникот на лигата влегува во Квалификациските рунди на Лигата на Шампиони, додека втората и третата пласирана екипа влегуваат во Квалификациските рунди на Лига Европа заедно со освојувачот на Купот на Македонија. На крајот на сезоната, последните две екипи отпаѓаат во Втората лига, додека осмата пласирана екипа игра бараж за опстанок со подобриот од бараж двобојот на второпласираните екипи од Втората лига - Исток и Запад.
1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Фудбалската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 23 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на фудбалските работници, привремено да ја суспендира Првата лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[18] На 4 јуни за време на вонредна седница на Управниот одбор на ФФМ, било одлучено целосно да се прекине првенството без прогласување на првак.[19][20] На 26 јуни, Управниот одбор донел одлука Вардар да биде прогласен за првак,[21][22]
2. а : Вардар и денешниот Вардар А.Д. правно не се истиот клуб. Вардар А.Д. е клуб создаден во 1951 година под името Миравци, име кое било сменето во Вардар 1947 пред почетокот на сезоната 2011/2012. А потоа во средината на истата сезона, името било сменето во Вардар А.Д и оттогаш бил нарекуван едноставно Вардар. Првичниот Вардар моментално се натпреварува во понизок ранг под името Кожуф Гевгелија.