Архитектура на Кратово

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Архитектура во Кратово)

Архитектурата на Кратово е карактеристична по типичната старогратска македонска архитектура. Речиси во сите градби се среќава каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар. Ваквиот начин на градба им овозможува еластичнот и цврстина на градбите, во стилот на старомакедонската архитектура.Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците скоро на секоја куќа се посебно обележие на кратовската куќа. Од самиот чардак зависело и обликувањето на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи. Тие се среќаваат како еднокрилни или пак двокрилни. Речиси во секоја кратовска куќа се градел амам, односно бања за капење. Како посебна просторија во куќата го среќавама огништето кое служело за загревање на просториите или за готвење храна.

Мостови[уреди | уреди извор]

Интезивната комуникација на луѓето во градот Кратово, неминовно придонела за градење мостови на Кратовска и Манцева Река, а со единствена цел да се подобри комуникацијата на градот од левата и десната страна на овие реки. Денес на Кратовска Река се сочувани 4 камени и еден дрвен мост, како и еден бетонски. Сите кратовски мостови се фундирани на карпеста почва. Како главен градежен материјал бил користен каменот од вулканско потекло. Челните ѕидови и речните крајбрежни столбови кои се директно изложени на ударот на водата, се ѕидани од тврд тешко распадлив камен, сводовите биле изведувани од делкан камен со ќошиња кои биле мошне прецизно изработени. Оградите на сите мостови се ѕидани од камен, а одозгора се покриени со плочи. Кратовските мостови претставуваат соодветен израз на градителството во турскиот период кај нас. Во нив се вткаени вековните неимарски искуства на турско – словенското градителство. Тоа се мостови со витка линија, со главен лак, со прецизно изработена архиволата и имаат нагласена декоративна линија. Со обнова на занаетчиството и трговијата во 19 век, во градот се појавила потреба за изградба на нови мостови. Неколку најпознати мостови се подигнати токму во овој перид: Радев мост, Радин мост, Гровчанскиот мост, Чаршиски мост, Јокшински мост, Свински мост, Сарајски мост.

Грофчански мост[уреди | уреди извор]

Се наоѓа меѓу Сарајски мост и Чаршиски мост наизводно поврзувајки ја Ајдучка чаршија со десниот брег на Кратовска Река. Овој мост е еден од главните комуникациски правци. Мостот е изграден во почетокот на 18 век од кратовската фамилија Грофчански која се доселила од Мала Азија и била доста богата. Должината на мостот изнесува 30, ширината 4, а висината 8 метри

Радин мост[уреди | уреди извор]

Овој мост се наоѓа на познатата Манцева Река и е подигнат во 1833 година. Мостот е подигнат на две високи кули, од кои едната е висока 28 а другата 29 метри. Сегашниот мост е изграден од познатиот скопски големец Хавзи-паша. За нај­про­чу­е­ни­от Ра­дин мост се рас­ка­жу­ва по­трес­на ле­ген­да спо­ред ко­ја во те­ме­ли­те жи­ва е за­ѕи­да­на Ра­да. По­трес­на­та при­каз­на за де­вет­те бра­ќа-ѕи­да­ри и за уба­ва­та не­ве­ста Ра­да сѐ уште прив­ле­ку­ва го­лем број стран­ски и до­маш­ни ту­ри­сти, кои до­а­ѓа­ат да го ви­дат ле­ген­дар­ни­от Ра­дин мост во Кра­то­во.

Мо­стот бил по­диг­нат и пу­штен во упо­тре­ба на 16 сеп­тем­ври 1833 го­ди­на, а упра­ву­ва­ње­то со град­ба­та му би­ло до­ве­ре­но на то­гаш­ни­от скоп­ски го­ле­мец Хав­зи-па­ша. За из­град­ба­та на мо­стот би­ла обез­бе­де­на фи­нан­си­ска по­мош од гра­дот Ду­бров­ник, бла­го­да­ре­ние на за­лож­би­те на жи­те­ли­те на ду­бров­нич­ка­та ко­ло­ни­ја во Кра­то­во, ко­ја има­ла 57 ку­ќи, и на гер­ман­ски­те ру­да­ри Са­си, кои ги об­но­ви­ле ста­ри­те кра­тов­ски руд­ни­ци. Мо­стот пре­ку Ман­це­ва Ре­ка бил по­тре­бен за ко­му­ни­ка­ци­ја со Зле­то­во, Лес­но­во, Штип, Ко­ча­ни и со окол­ни­те гра­до­ви.

- Уште кон кра­јот на 14 век, поз­на­ти­от мај­стор Ра­де из­гра­дил мост, кој бил поз­нат ка­ко Ра­дев мост. На две­те стра­ни има­ло стра­жар­ни­ци и се нап­ла­ќа­ла мо­ста­ри­на во на­ту­ра – со јај­ца, мед, си­ре­ње, ур­да… Но, око­лу 1820 го­ди­на мо­стот бил уни­штен по удар од гром. Та­ка, пат­ни­ци­те оста­на­ле отсе­че­ни, а тр­гов­ски­те вр­ски со окол­ни­те гра­до­ви би­ле отеж­на­ти и мо­ра­ло да се кру­жи пре­ку Ар­гу­лич­ки мост. За­тоа, ду­бров­ча­ни­те и Са­си­те, кои жи­ве­е­ле во Кра­то­во, из­дејс­тву­ва­ле средс­тва од Ду­бров­ник и ја поч­на­ле из­град­ба­та на ле­ген­дар­ни­от Ра­дин мост, не­по­сред­но над раз­ур­на­ти­от Ра­дев мост, од кој сѐ уште сто­јат оста­то­ци – рас­ка­жу­ва­ат кра­тов­ци, кои дол­ги го­ди­ни ги чу­ва­ат и со­би­ра­ат ле­ген­ди­те и пре­да­ни­ја­та за зна­ме­ни­то­сти­те во Кра­то­во.

Спо­ред ле­ген­да­та, из­град­ба­та на Ра­дин мост би­ла ама­нет од мај­ка­та на де­вет­те бра­ќа-ѕи­да­ри.

- Мај­ка­та на де­вет­те бра­ќа, кои би­ле од кра­тов­ско­то се­ло Кри­ла­ти­ца, еден ден трг­на­ла на па­зар во Ку­ма­но­во, но не стиг­на­ла за­тоа што Kри­ва Ре­ка го од­не­ла Мар­ков мост. По тоа, таа на сво­и­те си­но­ви им оста­ви­ла ама­нет да гра­дат по еден мост се­ка­де ка­де што ќе одат за да се ши­ри шоп­ла­кот, би­деј­ќи тие по­тек­ну­ва­ле од по­драч­је­то на­се­ле­но со шо­пи и си­те де­вет­ми­на има­ле шоп­ски ими­ња – рас­ка­жу­ва­ат кра­тов­ци.

Спо­ред пре­да­ни­е­то, тие поч­на­ле да го гра­дат мо­стот на Ман­це­ва Ре­ка, но тој по­сто­ја­но се ури­вал. Сѐ што ќе из­гра­де­ле де­ње, но­ќе па­ѓа­ло. За да им „трае“ мо­стот, тие се до­го­во­ри­ле сна­а­та што утре­ден­та ќе им до­не­се ру­чек да ја за­ѕи­да­ат во те­ме­ли­те за да се зац­вр­сти град­ба­та. Си­те им ка­жа­ле на сво­и­те не­ве­сти за до­го­во­рот, са­мо нај­ма­ли­от брат не ка­жал. Утре­ден­та, најм­ла­да­та Ра­да им при­го­тви­ла ру­чек и им го од­не­ла на мај­сто­ри­те, а ко­га ја ви­де­ло неј­зи­но­то мом­че, сил­но зап­ла­ка­ло. Де­ве­ри­те, пак, ја фа­ти­ле и жи­ва ја за­ѕи­да­ле во те­ме­ли­те. Ра­да са­мо мил­но ги за­мо­ли­ла да ѝ ја оста­ват дес­на­та гра­да за да мо­же да си го на­дои ма­шко­то де­те.

Ова е нај­ра­ши­ре­на­та и нај­при­фа­те­на ле­ген­да за ко­ја Ва­ска Или­е­ва има ис­пе­а­но и пес­на, но по­стои и пре­да­ние де­ка во те­ме­ли­те на мо­стот е за­ѕи­да­на са­мо сен­ка­та на Ра­да, а таа би­ла по­ште­де­на да не оди кур­бан за­ра­ди до­ен­че­то што го има­ла, се рас­ка­жу­ва во Кра­то­во.

Кули[уреди | уреди извор]

Златкова кула[уреди | уреди извор]

Оваа кула е изградена во 1365 година. Името го добила според нејзиниот последен сопственик, Ѓорги Златков. Тој ја купил ова кула од Асан Ефендија, според чие име дотогаш се нарекувала. Основата на кулата е правоаголна, изградена е од дебели камени ѕидови, висока е 5,90 и 6,35 метри.Кулата има три ката,во неа се влегува со помош на подвижни скали. Под самиот праг на вратите се гледаат остатоци од камени греди и проширен ѕид на којшто се поставувале подвижните скали. На југоисточниот ѕид се наоѓа длабнатина којашто била бања со санитарен јазол. Кон последниот најгорен кат водат дрвени скали,каде што се влегува преку дрвена врата, која се затвора хоризонтално. Се претпоставува дека оваа кула е една од најстарите кратовски кули.

Еминбегова кула[уреди | уреди извор]

Оваа кула е висока 12,74 метри, а основата и е правоаголна со ширина од 6,10 метри. Вратата се наоѓа на јужната страна и е изведена од делкан камен. На кулата се забележуваат остатоци од проширувањата на страничните ѕидови. (може да се даде претпоставка дека оваа кула можеби била споена со друг објект кој подоцна бил срушен. На истиот ѕид десно од влезот на кулата во вид на рог е издадена пирамида која претставува самостоен објект. Тоа било бања со тоалет. Кулата има три ката. Спратовите се преградени со дрвена конструкција и поплочена со шестаголни плочи. Дебелината на вратите изнесува 8 см, и се подебели од останатите кули. Тие се отвораат вртејќи се околу дебели оски потпрени во камен жлеб, а горниот крај на вратата е поставен во железни цевки. Скалите се доста стрмни и се дрвени, а само на третиот кат се камени. Третиот кат е висок 6,05 метри со крстест свод и покрив од плочи. Тука има камин, ниша, полици и долапи за покуќнина.

Симиќева кула[уреди | уреди извор]

Симиќевата кула е највисоката кула во Кратово. Се смета дека потекнува од 1370 година, а нејзината изградба историчарите ја поврзуваат со владеењето на феудалецот Константин Дејанов.[1] Обликот на кулата е правоаголен со надворешна ширина на ѕидовите од 7,9 м. Јужниот ѕид е висок 21,95 м, а ѕидовите на приземјето се дебели 2 м , додека кај прозорците се дебели 91 см. Внатрешно е поделена на сводови со четири ката. Вратите се поставени на источната страна и се високи 3,35 м. Внатре во кулата се влегувало преку подвижни скали кои по потреба се тргале. Тие врати не постојат и се заѕидани и како замена биле отворени врати од спротива. За во горните катови се стигнува преку камени скали направени на јужниот ѕид и оделе до третиот кат. Тие се широки 73 см. До четвртиот кат продолжуваат дрвени скали. Кулата вкупно има 69 скалила. Кулата е целосно покриена со плочи. Покривот содржи два оџаци градени од делкан камен. Едниот е на северната страна и е висок 2,5 м, додека другиот е на источниот дел и е висок 2,2 м.[2]

Хаџи-Костова кула[уреди | уреди извор]

Се наоѓа на десетина метри од Еминбеговата кула и до сарајот на Емин-бег. Изградена е во правоаголна основа и има ѕидови дебели 1,20 м. Според народното предание, кулата наводно напукнала за време на Големата турска војна и Карпошовото востание, помеѓу силите на Австријците и карпошовите востаници против Османлиите во 1989/90 година. Во 1929 година, жандармерискиот водник Божовиќ наредил напукнатиот дел на кулата да се сруши, со што кулата сега е висока 10 метри.[3]

Саат-кула[уреди | уреди извор]

Кулата е ѕидана од клесан камен, којшто се вадел од околината на градот, а покривот е од камени плочи. Внатрешноста на кулите е поделена на 3 ката, од кои горните се со по еден балкон и одделенија за живеење. Прозорците се заштитени со железни решеткии и се со различни димензии, во долниот дел тие се потесни и издолжени, додека на погорните катови се пошироки. Часовникот на кулата одамна не е во функција и не постои никаков механизам за часовник внатре во кулата. Сепак поради тоа што некогаш постоел механизам со часовник во самата кула, оттаму самата кула го добила и своето име.[4] Кулата е пренамената како музеј и е под јурисдикција на Музејот на Кратово.

Крстева кула[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Матески, „Кратово и Куклици“, Економија и бизнис, година 20, број 234/235, декември 2017/јануари 2018, стр. 108.
  2. Митевски, Илија (2018). Историјата и културата на Кратово и Кратовско од најстарите времиња до денес. Кратово. стр. 120. ISBN 9786086626501.
  3. Митевски, Илија (2018). Историјата и културата на Кратово и Кратовско од најстарите времиња до денес. Кратово. стр. 123. ISBN 9786086626501.
  4. Павловска, Јасминка (13 јуни 2014). „Кратово - Златниот град на вулканот“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 6 септември 2015.