Железница (Кратово)
Железница или Равниште — археолошко наоѓалиште во градот Кратово. Наоѓалиштето претставува римска некропола. Според податоците на археолот на Апостол Керамидчиев, наоѓалиштето лежи над селото Железница, на високото плато каде што е подигната опитната станица за овоштарство. Во 1961 година овде бил уништен дел од некропола, поточно 4 гроба градени од камени плочи. На една од плочите, што подоцна била украдена, имало релјефна претстава и натпис. Во близината на некрополата бил откопан еден питос уште неколку во местата Вук и Живолески Рид, во реонот на селските лозја.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Дупка - Талашманци — некропола од доцнохеленистичкото и римското време;
- Кратово — населба од доцнохеленистичкото и римското време;
- Кратово — средновековна некропола;
- Кратово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 186. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |