Историја на Кратово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кратово е еден од најстарите градови на Балканот. Иако мал по своите размери и по бројот на жителите, со векови преставувал привлечно место за живеење и за стопанисување. Историските податоци укажуваат на постоење на населби уште од праисторијата, односно од самите зачетоци на цивилизацијата. Според податоците се укажува на постоење на цивилизација и рударство на овие простори уште од 6 век пред нашата ера.

Антика[уреди | уреди извор]

Во времето на Пеонците, за кои се тврди дека се најстари жители на Кратово. Во споменатиот период ги населиле сите области помеѓу реките Вардар и Горна Струма. Како населба Кратово, исто така, се споменува уште пред раѓањето на Христа, во Хомеровата Илијада во 6 век п.н.е. во која живее тракиското племе Пеони. Податокот се потврдува и со пронајдените монети на просторот на Кратово, од времето на Адољон Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 година пр.н.е.Од извршените архелошки истражувања во минатото и денес, во разни делови од градот и неговата околина се откриваат многу стари некрополи, кои припаѓаат на разни историски периоди: тракискиот, пеонскиот, античкиот, римскиот, византискиот македонски и од српскиот. Покрај тоа, со ископините беа откриени бројни питоси, мали населби, згура од метал, растурена насекаде во околината, траги од некогашните патишта, водоводи, остатоци и темели од стари градби, римски купови со зашилено дно со огромна големина, многу малтер, делкани камења од некогашните убави згради и разни украсни предмети. Старите монети и другите архелошки остатоци говорат за големата старост на градот.

Прв пат кога овој град се спомнува е под името Коритос (Корито), што всушност ја објаснува и неговата местоположба, односно тој се наоѓа во корито. Имено, Зa постоењето на Кратово се зборува уште во VI в.п.н.е, а доказ за тоа е Хомеровиот еп "Илијада", каде што градот е спомнат, како и монетите (кои таму се пронајдени) од времето на Адољон Пајонски, крал кој владеел од 315 до 285 г.п.н.е. И римскиот период оставил многу археолошки траги низ Кратово и Кратовско. За ова сведочат пронајдените монети од периодот кога градот ѝ припаѓал на римската провинција Дарданија, чиј гла вен град бил Скупи, денешно Скопје.

Среден век[уреди | уреди извор]

Во текот на постоењето и опстојувањето градот не колку пати добивал различни господари. Во времето на вла деењето на Стефан Немања, во 1189 г, Кратово и неговата околина биле соединети кон Србија, а подоцна повторно потпаднал под власт на Византија. Низ вековната историја на Кратово особено се спомнува владеењето на еден од најпознатите властодршци, од времето на цар Душан, деспотот Оливер Јован Грчиќ.

Запоседнувањето на кратовските рудници им овозможило на Дејановиќи и на деспотот Оливер да се здобијат со големи приходи, а него подоцна го наследиле синовите Дејан, Драгаш и Константин, кои владееле заедно со нивната мајка Теодора. Причината за тоа биле златните рудници, кратовските ковачници за златни и за сребрени пари и рударството воопшто, што било единствен извор за живот на населението. Богатството на градот го забележале и османлиските владетели. Нивното внимание особено се потенцирало во 1389 г, кога султанот Мурат, одејќи кон Косовско Поле, поминал низ Кратово со намера да го види неговото богатство.

Сјајот на златото ги привлекол Османлиите и тие тука се одомаќиниле во следните пет века. Тие ја освоиле, ја потчиниле и во своја власт ја зеле Кратовската област, а со тоа и рудниците. Нивното доаѓање пре дизвикало и низа промени во градот, па со подигањето на минарињата многу од црквите биле претворени во џамии. Во XVI и во XVII, во составот на новоосвоените територии на Османлиското царство, градот станал важен центар. Развојот на рударството овоз можил и културен подем на градот, па покрај златарскиот занает, почнале да се отвораат и училишта. Но, Кратово не го одминал и процесот на исламизација, кој во XVI в. се интензивирал и во овие краеви. Во турските дефтери пишува дека од 303 жители, 74 биле исламизирани, што покажува дека во тогашна Македонија Кратово спаѓал меѓу градовите кои биле најнаселени со муслимани.

Подоцнежниот развој овозможил во него да се доселат католички семејства од Дубровник, кои со текот на времето прифатиле други вери. Ориентот оставил длабоки траги во коритото на градот. Тоа особено се забележува во станбенатата култура, поточ но во ориенталните куќи со широки чардаци, кои секористеле за дневен престој, каде имало миндерлак, потоа просторот за прием и седење, а собите се наоѓале од двете страни при влезот во куќатата. Ваквите градби сèуште ги има во Кратово, но за жал, тие се оставени на забот на времето. За градбите во ориентален стил пишувале турските патеписци Хаџи Калфа, Ќапит Челебија и Евлија Челебија. Од нивните записи многу се дознава за кратовските амами, чаршијата, бакарот од кој се изработувале свеќници, фенери, ибрици, тепсии, саани, легени и друго.

Евлија особено ги опишал амамите, еден од нив, за кој се претпоставува дека бил изграден во XVI век, бил долг 70 м. и имал 40 чешми со топла вода. Амамот бил урнат во 1689 г. во периодот на Карпошовото востание. На почетокот на XVII век во градот почнале да се на селуваат и Турци од Азија, кои биле многу богати и тука изградиле свои сараи. Во XIX век почнал и развојот на занаетчиството и на трговијата, се обновило рударството и заживеале занаетите, што му овозможило голем подем на градот. Сите овие минувања, живеења, различните цивилизации и владетели и денес се отсликуваат во него.

Археолошки локалитети[уреди | уреди извор]

  • Златен Град или Градот на воините кој датира од крајот на 5 век, и се наоѓа во непосредна близина на с. Коњух. Мештаните од околните села имаат сопствено усно предание или легенда за локалитетот. На локалитетот, многу одамна, живееле моќен крал со неговата кралица. Тие си имале само една ќерка, која била позната по својата итрина, бистрина и цврстина во карактерот. Арно ама, при еден од оброците, кралската ќерка се задушила, при што доживеала состојба која денеска е позната под терминот „клиничка смрт“, а своевремено луѓето не биле запознаени со овој феномен, така што ја прогласиле за мртва. Кралот и кралицата, во големата жалост, наредиле набрзина да се припреми многу богат погреб во месноста „Мала Кралица“, во непосредна близина на локалитетот „ Големо Градиште“ – с. Коњух. Гробарите, вечерта по погребот, се вратиле да го ограбат гробот. Зеле многу од накитот, даровите, златните и сребрените пари, при што, кога еден од гробарите пришол да го земе ѓерданот од кралската ќерка, кога го потегнал, на свое големо изненадување, видел дека кралската ќерка е жива. Тоа ги ставило во мисла гробарите, дали да ја остават жива или да ја убијат, затоа што таа ги видела како го ограбуваат гробот. По долго размислување, дошле до решение да не ја убиваат, туку да ја однесат во друго кралство, за да не ги издаде на кралот и кралицата. Нејзините родители останале со сознанието дека нивната ќерка е мртва. Тие тргувале со многу богати земји од Исток и Запад. При едно од нивните отсуства, заради трговска размена за друти стоки, нивното кралство било ограбено, а кралскиот град горел во пламен. Тие со свои очи го виделе пожарот во градот, при што заплакале, а денеска, меѓу народот, местото е познато под името „Плакало“. Бидејки загубиле сè што им било драго, поради добрите односи со градот Солун, одлучиле да се преселат во него, со целата своја сопственост, а до ден денес спомен на тоа има во т.н. „ Коњушко Маало“ во Солун.
  • Големо Градиште. Меѓу кратовските села Димонци и Конух, на висок рид се издига стариот град Големо Градиште. Таму, во карпи, уште во 6 век биле издлабени мали одаи, одводи, канализација, резервоар за вода, па дури и скали. Тие постојат и денес. На горниот зарамнет дел има остатоци од стражарски кули и градска тврдина. На најтешко пристапниот терен, во стрмните карпи направено е светилиште, поголема просторија која има голем влез и прозорец. Од таму се гледаат рамницата, селските гробишта со стара разрушена црква и околните ридови. Под тврдината, околу триста метри јужно од Големо Градиште се наоѓа црквата "Свети Јован Крстител" која е изградена во 1955 година. Таа била направена на местото каде што е откриен Градот на воините или Златен град, како што го нарекуваат кратовци. И денес до црквата има остатоци од колективна гробница и стар храм "ротонда", направен од туф, зелен вулкански камен. Старата црква потекнува од 6 век и за неа археолозите сметаат дека е единствена во Македонија со таков облик. Според легендата се верува дека некаде под водата на Крива Река има влез кој води до некоја тајна соба што се наоѓа во средината на ридот. Таму имало фигура на жена пред која свети вечна светлина. До тајната соба може да се стигне само рано наутро. Каде одат шатките, од таму е влезот во градот. Според легентдата се претпоставува дека влезот во тврдината е во близина на мостот Ракле на Крива Река. Преку него се стигнува до селото Димонци кое од стариот град е оддалечено околу два километра.
  • Куклица и камените кукли во овој простор се природна појава настаната со долготрајната ерозија на вулканските карпи со различна отпорност: игнимбрити, андезити и туфови. Поцврстите, компактни карпи (игнимбрити, андезити) бавно се еродираат и ги штитат меките туфови под себе. Вака заштитени, туфовите заедно со карпестиот блок на врвот, остануваат да штрчат во релјефот во вид на остенци и столбови, односно земјени пирамиди. Во меѓувреме, долготрајните атмосферски влијанија (врнежите, температурните промени, ветрот) ги доизградиле, моделирале, модифицирале и затоа тие имаат така карактеристичен облик. Овие процеси, кои почнале пред десетина илјади години, продолжуваат и денес, така што некои земјени пирамиди постепено се уништуваат, а други се создаваат. Со тоа, пирамидите перманентно го менуваат својот облик, само што тој процес е бавен и не може да се забележи за еден месец или една година.
  • Цоцев Камен претставувал праисториска опсерваторија во вистинска смисла на зборот. Наспроти престолот во карпата се изработени неколку седишта како дел од една софистицирана опсерваторија. Од седиштето се набљудувале сонцето, месечината и ѕвездите. На повеќе стотици метри источно од овие камени столови се наоѓаат мегалити, во чија непосредна близина се изработени месечини со голема димензија. Мегалитите со дополнителни врежувања врз нив, или врз камењата во непосредна нивна близина се најсигурниот сведок за тоа дали еден објект претставува опсерватоија.