Иса Јантревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иса Јантревски
Isa Jantrevski.jpg
Роден 1919 година
Кратово, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 16 април, 1945 година
Врпоље, Хрватска

Иса Амедов Јантревски ( 1919 во Кратово16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, од турска националност, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнува од сиромашно занаетчиско семејство. Откако го завршил основното четиригодишно училиште, го изучил налбатскиот занает во дуќанот на својот татко, каде помагал ѝ неговиот постар брат. Поголемиот дел од времето го поминувал одејќи од село до село вршејќи го занаетот. По капитулацијата на Кралство Југославија во 1941 година, бидејќи по националност бил турчин, бугарските власти го регрутирале во трудовата воена единица, каде го видел вистинското лице на окупаторот. По враќањето во Кратово се поврзал со напредните другари ѝ на 8 септември 1944 година стапил во редовите на Месна команда - Кратово, а потоа во Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Како борец во оваа бригада, земал учество во борбите за ослободување на Македонија. Потоа со бригадата дејствувале во борбите за ослободување на Гнилане, каде бил ранет. По оздравувањето земал учество во борбите на Сремскиот фронт, каде ѝ загинал на 16 април 1945 година крај Врпоље.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 38.