Глигор Пазавански
| Глигор Пазавански | ||
| Роден | мај, 1920 година Кратово, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 29 јули, 1944 година Штип, Македонија под фашистичка окупација | |
| Националност | Македонец | |
| Татко | Петре | |
| Мајка | Софија | |
| Роднини | Брат на Вера Пазаванска | |
Глигор Петров Пазавански (прекар Гоче) ( 1920 во Кратово — 29 јули 1944 во Штип) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Израснал во сиромашно занаетчиско семејство. Основното и граѓанското училиште го завршил во Кратово ѝ во 1934 година бил примен на Воената пиротехничка школа во Крушевац. Годините што ги минал во военото училиште и крушевачката средина му дале можност освен пиротехничката вештина да научи уште многу од животот, се запознал со идеите на комунизмот, работничкиот пролетаријат и неговата борба против капитализмот. По завршување на военото училиште стапил на работа на воениот аеродром во Скопје. Преку извршени разни задачи, бил оценет дека е напреден младинец, па со тоа бил примен за член на КПЈ.[1]
Втора светска војна
[уреди | уреди извор]По капитулацијата на Кралството Југославија, во 1941 година се вратил назад во Кратово. Бил примен на работа во општината, а подоцна бил назначен за службеник во околискиот суд. Уште веднаш, по враќањето во Кратово, се поврзал со другите другари од детството, како Владо Гаџев, Цветко Тонев, Јове Гичев и други. Со нив работел на формирање партиска организација и активно учествувале во извршувањето на сите поставени задачи. Во својата активност особено се истакнувал во печатењето и умножувањето на летоци, извадоци од весникот „Дедо Иван“, пишување писма и друг пропаганден материјал. Во почетокот, како службеник во судот тајно ја носел дома машината за пишување, а подоцна партиската организација од средствата собрани како црвена помош набавила машина за пишување и му ја доверила нему. Бугарските власти го следеле, сослушувале и честопати вршеле претрес на нивната куќа. Во февруари 1944 година, Бугарите уапсиле поголема група младинци и ги префрлиле во скопскиот затвор. Гоче и другите членови на КПЈ оцениле дека не можат повеќе да останат безбедни во Кратово, па затоа заедно со Јове Гичев и Страхил Досевски преминале на кумановскиот терен (на 16 февруари 1944 година), а на 26 февруари 1944 година се приклучил како борец на Треттатa македонска ударна бригада. Во сите борби се истакнал како добар борец и вешт пиротехничар. Во борбата што ја водела бригадата крај селото Костурино, бил ранет на повеќе места и префрлен во партизанската болница на планината Плачковица. Болницата била откриена, опколена ѝ Гоче со другите болни бил заробен и спроведен во штипскиот затвор.[1] На 29 јули 1944 година без судска пресуда Гоче е стрелан во Штип, на десниот брег на реката Брегалннца, на истото место каде неколку месеци порано, Бугарската полиција ја стрелала ѝ неговата сестра Вера Пазаванска.[1][2]
Во неговиот роден град, Кратово, именувана е улица по неговот име.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 47–48.
- ↑ „Германска бомба го ранила, германски лекар го излекувал по авиобомбардирањето на Штип на 6 април 1941“. ММС. 2019-04-06. Архивирано од изворникот на 2021-08-06.
- ↑ „Податотека:Стара куќа на улица Глигор Пазавански бр. 22, Кратово.jpg“. Википедија.