Кратово (средновековно археолошко наоѓалиште)
Кратово — археолошко наоѓалиште во градот Кратово. Наоѓалиштето претставува средновековна некропола. Во дворот на еден жител, пред Втората светска војна биле откриени гробови со камени конструкции, во кој се најдени богати прилози од злато и сребро што им припаѓале на покојници од видни семејства од XIV до XV век. Накитот е изработен во луксузни техники на филигран, ниело и емаил. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Дупка - Талашманци — некропола од доцнохеленистичкото и римското време;
- Железница - Равниште — некропола од римското време;
- Кратово — населба од доцнохеленистичкото и римското време;
- Кратово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 187, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |