Чедо Јакимовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Чедо Јакимовски е истакнат македонски поет роден во Кратово на 22 февруари 1940. Починал во Скопје на 12 јануари 1993 година.[1]

Во неговиот краток и боемски живот оставил малку по број дела, но со извонреден квалитет. Тој во светски рамки се смета за еден од творците на стихови блиски до совршенство. Секоја песна излезена од под неговото перо, минувала низ строга проверка на метроном.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1966 година. Автор е на книгите "Нарциса" (1966), "Лажно море" (1971), "Халеевата Комета" (1985).[2]

Сродни по тема и стил му се проколнатите поети.

Секоја година во негова чест се доделува наградата Нарциса за придонеси во поезијата. Од 2007 година во Кратово започна чествување на Чедо Јакимовски, и ќе продолжи како традиција.[3]

Преведуван е на неколку светски јазици.[4]

Лесновските ѕвона[уреди | уреди извор]

Која ѕвезда згаснала ноќва па безумно грмат
Лесновските ѕвона Дали е непознат празник
на мртвите што се креваат и со бела срма
ги китат просторите заспани и празни
О дали во мене се буди заспаното море
и како прастаро животно низ жилите ми скита
Се е затворено Пат ни долу ни горе
Ни во себе ни од себе Само како сенка ита
низ моето изгнанство една чудна тага
и лесновските борови ги кити со сјај вечен
Јас од младоста изгубив секоја трага
Се е затворено и секој збор е речен.
Да не умрел некој ноќва па безумно ѕвонат
лесновските ѕвона (Сред беспаќе изгубен стојам)
Додека живите чудни соништа сонат
на исток згасна и ѕвездата моја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 631. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. „ЈАКИМОВСКИ, Чедо“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.
  3. Богоева, Катерина (2019-02-09). „Се подготвува спомен-соба на поетот Чедо Јакимовски“. Нова Македонија.
  4. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 105.