Црква „Св. Никола Чудотворец“ - Кратово
Свети Никола Чудотворец | |
Царските двери, XVI – XVII век | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Кумановско-осоговска |
| Архијерејско намесништво | Кумановско-кратовско |
| Парохија | Кратовска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 42°04′51″N 22°10′57″E / 42.08083°N 22.18250°E |
| Место | Кратово |
| Општина | Кратово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Никола |
| Изградба | 1848 (денешна градба) |
| Архитектонски опис | |
Св. Никола Чудотворец — православна црква во градот Кратово, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кумановско-кратовското архијерејско намесништво во Кумановско-осоговската епархија на МПЦ - ОА.
Историја
[уреди | уреди извор]
Црквата се наоѓа во источниот дел на населбата Царина и се смета за најстара сè уште постоечка црква во градот. Храмот своевремено бил катедрала на Кратовските епископи, за што сведочи една преписка од 1666 г. во евангелие подарено на црквата.[1] Храмот на многу наврати е рушен и одново граден. Последен пат настрадал во 1822 и обновен е во 1848 г.[1]
Во 1890 г. во црковнот двор двор западно од храмот е подигната зграда на бугарско училиште, познато како Старовремска школа.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е еднокорабна и едноапсидна. Изградена е од делкан камен и малтер. Има димензии од 10,5 м во должина, 5,90 м во ширина и 6,80 м во висина.[1]
Внатрешност
[уреди | уреди извор]Внатрешноста на црквата е насликана од преродбенички мајстори. Иконостасот е изработен при обновата на храмот во 1848 г.[2] Има богата резба и вредни икони, некои од XVI век.[1] Главната икона на Свети Никола е дело на истакнатиот крушевски зограф Никола Михајлов.[3] Иконата „Света Богородица Умиление“ е од XV век.[4]
За мошне вредни се сметаат и царските двери. Се одликуваат со ажурна техника, со пробивање на дрвото и употреба на најразлични цветни и геометриски мотиви, како и фигури на животни.[5] Слични двери имаат и црквите „Св. Ѓорѓи“ во Петралица, „Воведение на пресв. Богородица“ во Карпино, „Св. Богородица“ во Ранковце и дверите од „Св. Никола“ во „Успение на пресв. Богородица“ во Ќустендил.[6] Дверите се одново насликани во XIX век од самоковски мајстор, веројатно Захариј Зограф. На хетерогениот иконостас има неколку непотпишани икони, кои би можеле да му се припишат на Захариј.[7] Во црквата има и икони кои му се припишуваат на Крсте Зограф од Велес.[8]
- Резбан медалјон со Бог Саваот, детаљ од царските двери
- „Благовештение“, детаљ од царските двери
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 „„Св. Никола" – гр. Кратово“. Свети места. no-break space character во
|title=во положба 13 (help) - ↑ Машниќ, Мирјана М (2008 – 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 157. no-break space character во
|year=во положба 5 (help); no-break space character во|issue=во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во:|year=(help) - ↑ Николоски, Дарко (3 – 5 јуни 2012, с. 359). „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“ (PDF). Ниш и Византија XI: зборник радова. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-08. Посетено на 9 април 2015. Занемарен непознатиот параметар
|издател=(help); no-break space character во|date=во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во:|date=(help) - ↑ Николовски, Дарко. „Иконите од црквата Св. Троица од селото Мождивњак, Крива Паланка“ (PDF). Патримониум.mk. 7 (12): 201.
- ↑ Машниќ, Мирјана М (2008 – 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 156. no-break space character во
|year=во положба 5 (help); no-break space character во|issue=во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во:|year=(help) - ↑ Машниќ, Мирјана М (2008 – 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 155. no-break space character во
|year=во положба 5 (help); no-break space character во|issue=во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во:|year=(help) - ↑ Машниќ, Мирјана М (2008 – 2009). „Три примероци на царски двери од кратовско-кумановскиот крај. (Уметничка вредност, конзерваторска презентација, постконзерваторски статус)“. Патримониум.мк. 2 (3–4, 5–6): 159. no-break space character во
|year=во положба 5 (help); no-break space character во|issue=во положба 2 (help); Проверете ги датумските вредности во:|year=(help) - ↑ Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење. Кочани: Општина Кочани. стр. 29.


