Кратово (античко археолошко наоѓалиште)
Кратово — археолошко наоѓалиште во градот Кратово. Наоѓалиштето претставува доцнохеленистичка и римска населба. Се наоѓа на северниот дел на градот. На ридот кај гимназијата, со ископувањата изведувани во 1992 година се откриени делови од јужниот бедем на населбата и ретки делови на хеленистичка керамика, како и многубројни остатоци од римски садови, питоси и римски монети од III до IV век. Откриена е и печка за печење керамички садови. Ископувањата ги изведувала археологот Вера Битракова-Грозданова со колегите од Музејот на Македонија и Институтот за историја на уметност и археологија.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Дупка - Талашманци — некропола од доцнохеленистичкото и римското време;
- Железница - Равниште — некропола од римското време;
- Кратово — средновековна некропола;
- Кратово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кратовско.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 186. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Кратово
- Археолошки наоѓалишта во Општина Кратово
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Кратовско