Вера Пазаванска
Вера Пазаванска | ||
Роден | 1923 година Кратово, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 6 април, 1944 година Штип, Македонија под фашистичка окупација | |
Националност | Македонка | |
Татко | Петре | |
Мајка | Софија | |
Роднини | Сестра на Глигор Пазавански |
Вера Петрева Пазаванска ( 1923 во Кратово — 6 април 1944 во Штип) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Вера била три години помлада сестра на Глигор (Гоче) Пазавански. По завршување на основното четиригодишно училиште во Кратово, немајќи можност да го продолжи образованието, родителите ја испратиле во Куманово да го изучи шивачкиот занает. Таму со симпатии била примена од работничката младина, а како напредна младинка била вклучена во акциите на комунистичката работничка младина во Куманово. Со голем интерес ги следела предавањата, состаноците, вршела курирска должност и учествувала во акциите што биле организирани во тоа време. Со капитулацијата на Кралството Југославија во 1941 година се вратила во Кратово. Заедно со нејзиниот брат Гоче работела неуморно, растурала летоци и пропаганден материјал, околу себе привлекува младинки и младинци ѝ со личен пример влијаела врз нивното определување за борба против бугарскиот окупатор. Родителите на Вера и Гоче (Петре и Софија Пазавански), целиот живот го провеле во сиромаштија, незадоволни од режимот се определиле за ослободителното движење. Како активни родители во ослободителната борба, на своите деца им дозволувале во куќата да се одржуваат илегални состаноци, предавања и други активности под маска на вечеринки.
Апсењето и нејзината егезкуција
[уреди | уреди извор]Очекувајќи напад на рудниците Добрево и Пробиштип, Вера заедно со Царка Андреевска дошла во Пробиштип заради организирање на приредба, која има за цел да ја намали будноста на бугарската и германската војска пред претстојниот напад на Пробиштип (3 април 1944 година). Со другите учесници-организатори на приредбата ѝ Вера била уапсена заедно со Царка, засолнети во куќата на Томо Буиќ, кој е роден во Сињ, Хрватска, а доселен како рудар во Пробиштип, уште во 1935 година. Вера била затворена од бугарската полиција поради тоа што при претрес на куќата на Буиќ биле пронајдени илегални материјали кои Вера и Царка ги донеле од Кратово. Уште истата ноќ, таа со останатите затвореници била пренесена во штипскиот затвор и ѕверски била мачена за да ги предаде своите организирани другари од Кратово.[1] Откако не признале ништо, на 6 април 1944 година била изведена со останатите затвореници пред суд и осудена на смртна казна - стрелање, која веднаш била извршена пред очите на насила насобраниот народ, во близината на Штип, на десниот брег на реката Брегалница. На истото место на 29 јули 1944 година, од страна на Бугарската полиција бил стрелан и нејзиниот брат Глигор Пазавански.[1][2]
Во нејзиниот роден град, во нејзина чест една улица,[3] едно културно уметничко друштво,[4] како и бившата килимара за изработка на килими,[5] биле именувани по нејзиното име.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 49.
- ↑ „Германска бомба го ранила, германски лекар го излекувал по авиобомбардирањето на Штип на 6 април 1941“. ММС. 2019-04-06. Архивирано од изворникот на 2021-08-06.
- ↑ „Вера Пазаванска, Northeastern (Североисточен регион)“. vymaps.com.
- ↑ Кратовски Тамбураши. „КУД Вера Пазаванска - Која мома да пишемо на кравајчето“.
- ↑ Службен весник на Социјалистичка Република Македонија (Среда, 12 ноември 1975, бр.40)https://www.slvesnik.com.mk/Issues/72256D85B9224E3589EE90B68F85B0AC.pdf