Август Гризебах
Август Гризебах August Grisebach | |
---|---|
Роден(а) | 17 април 1814 Хановер |
Починал(а) | 9 мај 1879 Гетинген | (возр. 65)
Авторска кратенка (бот.) | Griseb. |
Август Хајнрих Рудолф Гризебах (германски: August Heinrich Rudolf Grisebach; 17 април 1814 - 9 мај 1879) — германски ботаничар и фитогеограф. Познат е како прв научник кој ја опишал моликата на Пелистер. Открил и бројни домородни растенија на Шар Планина.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Хановер. Учел тамошниот лицеј. Потоа стапил во ќелијно училиште во Илфелд, па учел на Гетингенскиот универзитет. Во 1836 г. дипломирал медицина на Берлинскиот универзитет. He undertook expeditions to Прованса, Турција, на Балканот и во Норвешка. Во 1837 г. станал доцент, а во 1847 г. бил назначен за професор на Меидцинскиот факултет во Гетинген. Станал за директор на тамошната ботаничка градина in 1875 г.
Највеќе им се посветил на фитогеографијата и систематика, особено на линцурите (Gentianaceae) и малпигиите (Malpighiaceae), иако сметал дека неговото најважното дело е „Флора на британските западноиндиски острови“. Голем дел од неговите збирки, особено тиските видови кои ги опишал, се наоѓаат во хербариумот на Гетингенскиот универзитет.[2] Неговата таксономска класификација е опишана во делото „Преглед на систематската ботаника“ (Grundriss der systematischen Botanik, 1854). Син му Едуард бил писател, правник и дипломат.
Работа во Македонија
[уреди | уреди извор]Од 29 јуни и 21 јули 1839 г. Гризебах работел во Македонија, престојувајќи на Пелистер и Шар Планина. Неговите наоди ги изложил во делото Specilegium florae Rumelicae et Bythynicae. Тој е заслужен за откривањето на моликата (Pinus peuce) во научната јавност.
На Шара открил и опишал бројни видови како Alkanna scardica, Cirsium apendiculatum, Dianthus cruentus, Lilium albanicum, Pedicularis leucodon, Potentilla holosericea, Saxifraga scardica, Sideritis scardica, Silene waldsteinii и други.[1]
Избрани дела
[уреди | уреди извор]- Grisebach, August (1854). Grundriss der systematischen Botanik für akademische Vorlesungen entworfen. Göttingen: Dieterichschen Buchhandlung. (Grundr. Syst. Bot.: Schema стр. 68)
- Die Vegetation der Erde nach Ihrer Klimatischen Anordnung (The Earth's vegetation after its climatic arrangement), 1872 (1 изд.), 1884 (2. изд).
- Flora of the British West Indian Islands, Lovell Reeve & Co., London, 1864
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 399. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ Göttingen University, Department of Systematics, Biodiversity and Evolution of Plants (with Herbarium)
- ↑ „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Август Гризебах на Ризницата ?
- Целосна библиографија на WorldCat
- Catalogus plantarum cubensium (Кагалот на растенијата на Куба) 1866 на Botanicus
- Grisebach, A. (1857) Systematische Untersuchungen über die Vegetation der Karaiben, insbesondere der Insel Guadeloupe — Библиотека на биоразновидносното наследство
|
- Родени во 1814 година
- Починати во 1879 година
- Ботаничари со авторски кратенки
- Германски ботаничари
- Фитогеографи
- Таксономи
- Луѓе од Хановер
- Флора на Македонија
- Апсолвенти на Гетингенскиот универзитет
- Членови на Гетингенската академија на науките
- Членови на Баварската академија на науките
- Членови на Пруската академија на науките